Инструкции за водачи: Користење на формуларите за План за самостојност


Новите формулари за Планот за самостојност и Епископски водич до Планот за самостојност ги заменуваат досегашните формулари Анализа на ресурси и потреби и Додаток за анализа на ресурси и потреби. Новите формулари беа дизајнирани за да им помогнат на епископите и претседателите на разграноци да им служат поефективно на оние кои примаат хуманитарна помош и да ги водат по патот кон самостојност.

Епископски Водич до Планот за самостојност. Епископите и претседателите на разграноци го користат овој формулар за да ја планираат и да ја следат хуманитарната помош и личните Планови за самостојност на членовите.

План за самостојност. Членовите го пополнуваат овој формулар сами или со помош на ментор. Формуларот им помага на членовите да ги проценат сопствените потреби, приходи, и трошоци; да ги идентификуваат ресурсите кои им се на располагање; да ги идентификуваат услугите што можат да ги дадат за возврат за примената помош; и да развијат сопствен план за да станат посамостојни.

Членовите кои се во потреба често се идентификувани од страна на нивните браќа и сестри кои се на служба, други членови на црквата или водачи, или пак епископот. Тие може и лично да побараат помош од епископот.

Епископот се среќава со член на кој му е потребна помош за да разговараат за проблемите со кои таа или тој се соочува. Епископот во тој случај може да повика водач или друг ментор да му помогне на членот да го пополни формуларот за План за самостојност. Разгледувајќи го овој план, епископот може подобро да разбере како да обезбеди ефективна хуманитарна помош. Епископот или назначениот водач редовно го следи членот за да со него разговара за дополнителните потреби, грижи, и напредокот на планот.

Формулари

Епископски Водич до Планот за самостојност

Превземи го Планот за самостојност