Свети Писма
Мосија 4


Глава 4

Царот Венијамин продолжува со неговото обраќање—Спасението доаѓа поради Помирувањето—Верувајте во Бог за да бидете спасени—Задржете простување на вашите гревови преку верност—Поделете од вашиот имот на сиромашните—Правете сѐ во мудрост и ред. Околу 124 п.н.е.

1 И сега, се случи кога цар Венијамин беше завршил со кажувањето на зборовите кои му беа предадени преку ангелот на Господ, дека тој погледна наоколу на мноштвото, и ете беа паднале на земјата, бидејќи ги обзеде страв од Господ.

2 И тие беа се виделе себеси во својата сопствена телесна состојба, дури беа помали од земјена прав. И сите гласно викнаа со еден глас, велејќи: О имај милост, и примени ја помирувачката крв на Христос за да добиеме простување за нашите гревови, и срцата наши да можат да бидат прочистени; зашто ние веруваме во Исус Христос, Синот на Бог, Кој го создал небото и земјата, и сите нешта; Кој ќе се симне меѓу човечките деца.

3 И се случи дека откако беа ги изговориле овие зборови Духот на Господ дошол кај нив, и беа полни со радост, добивајќи простување за нивните гревови, и имајќи мирна совест, поради огромната вера што тие ја имаа во Исус Христос Кој ќе дојде, според зборовите што ги изговори царот Венијамин.

4 И цар Венијамин повторно ја отвори неговата уста и почна да им зборува на нив, велејќи: Мои пријатели и мои браќа, моето колено и мојот народ, јас пак ќе ви го привлечам вашето внимание, дека можете да го слушнете и да го разберете остатокот на моите зборови кои ќе ви ги говорам на вас.

5 Зашто ете, ако знаењето за добрината на Бог сега ви разбуди чувства на вашата ништожност, и вашата безвредност и вашата падната состојба—

6 Јас ви кажувам на вас, ако сте дошле до знаење за добрината на Бог, и Неговата неспоредлива моќ, и Неговата мудрост, и Неговото трпение, и Неговата макотрпност кон човечките деца; а исто, и помирувањето што беше припремено од основата на земјата, за тоа спасение да оди кај оној кој ќе ја положи својата вера во Господ, и кој ќе биде трудољубив во одржување на Неговите заповеди, и да продолжува во верата дури до крајот на неговиот живот, односно на животот на смртното тело—

7 Јас кажувам, дека ова е човекот кој добива спасение, преку помирувањето кое беше подготвено од основањето на светот за целото човештво, кое некогаш беше од падот на Адам, односно тоа што е, и кое ќе биде, дури до крајот на светот.

8 И ова е начинот преку кој спасение доаѓа. И нема друго спасение освен ова кое беше кажано; ниту има други услови под кои некој може да се спаси освен при условите што ви ги говорев.

9 Верувајте во Бог; верувајте дека Тој е, и дека Тој ги создал сите нешта, и на небото и на земјата; верувајте дека Тој ја има сета мудрост, и сета моќ и на небото и на земјата; верувајте дека човек не може да сфати сѐ што Господ може да сфати.

10 И повторно, верувајте дека вие морате да се покаете за вашите гревови и напуштете ги, и понизете се себеси пред Бог; и прашајте со искреност на срцето дека Тој би ви опростил; и сега, ако верувате во сите овие нешта, гледајте тие да ги правите.

11 И повторно ви кажувам на вас како што јас предходно ви кажував, дека како што сте дошле при знаењето за славата на Бог, или ако вие сте знаеле за Неговата добрина и сте вкусиле од Неговата љубов, и сте примиле простување за вашите гревови, кое предизвикува толку огромна радост во вашите души, дури и така би сакал да се сеќавате, и секогаш да ја задржите во сеќавање величината на Бог, и вашата ништожност, и Неговата добрина и трпеливоста спрема вас, недостојни битија, и да се понизите дури во длабочината на понизноста, и секојдневно да го повикувате името на Господ, и постојано стоејќи во верата за тоа што доаѓа, што беше изговорено според устата на ангелот.

12 И ете, јас ви кажувам дека ако го правите ова, секогаш ќе се радувате, и ќе бидете исполнети со Божјата љубов, и секогаш ќе задржувате опростување на вашите гревови; и ќе го зголемувате знаењето за славата на Тој кој ве создаде, или во знаењето на тоа што е праведно и вистинито.

13 И вие нема да имате намера да се повредувате меѓусебно, туку да живеете мирољубиво, и на секој човек да давате според тоа што му припаѓа.

14 И нема да им дозволите вашите деца да бидат гладни, или необлечени; ниту ќе им дозволите да ги прекршат законите на Бог, и да се карате и расправате еден со друг, и да му служите на ѓаволот, кој е злобниот дух за кој зборувале нашите татковци, тој кој е непријател на се што е праведност.

15 Но вие ќе ги научите да чекорат по патиштата на вистината и трезвеноста; вие ќе ги поучувате да се сакаат еден со друг, и да си служат еден на друг.

16 И исто, вие сами ќе помагате на тие што имаат потреба за вашата помош; вие ќе го послужите имотот ваш на оној на кого му е потребно; и вие нема да дозволите просјакот залудно да ви се обраќа со неговата молба за вас, и да го одбиете и да страда.

17 Можеби вие ќе кажете: Човекот ја предизвикал својата мизерија; затоа ќе ја задржам својата рака, и нема да му дадам од својата храна, ниту ќе му го дадам својот имот да не страда, затоа што казните негови се праведни—

18 Но ти кажувам на тебе, О човеку, кој и да го прави ова истиот има голема причина да се покае; и ако не се покае за тоа што го сторил тој ќе страда засекогаш, и ќе нема место за Божјото царство.

19 Зашто ете, зарем не сме сите просјаци? Зарем сите ние не зависиме од истото Битие, и тоа Бог, за целиот имот што го имаме, и за храна и облека, и за злато, и за сребро, и за сето богатство што го имаме од секаков вид?

20 И ете, и сега повикајте го името Негово и молете за опростување за вашите гревови. Дали Тој дозволил залудно да просите? Не Тој го излеел на вас Неговиот Дух, и направил вашите срца да бидат исполнети со радост, и направил устата да ви занеме да не можевте да ги изговорите зборовите и да ги најдете, толку прекумерна силна беше вашата радост.

21 И сега, ако Бог, Кој ве создал, од Кого зависат вашите животи и за сѐ што вие имате и што сте, Тој ви дарува за сѐ што ќе Му побарате што е правилно, со вера, верувајќи дека ќе примите, О тогаш, колку треба да дадете од имотот што го имате еден на друг.

22 И ако му судите на човекот кој ви се обраќа со молба заради вашиот имот за да не загине тој, и го осудите, колку праведна ќе биде вашата осуда што го задрживте вашиот имот, што не припаѓа на вас туку на Бог, на кого исто му припаѓа вашиот живот; сепак не се обраќате со молба, ниту се каете за тоа што сте го направиле.

23 Ви кажувам, тешко на тој човек, бидејќи ќе загине тој заедно со неговиот имот; и сега, ова им го зборувам на тие кои се богати во поглед на тоа што е на овој свет.

24 И повторно, јас им кажувам на сиромашните, вие кои немате а сепак имате доволно, за да преживеете од ден на ден; јас мислам на сите вас кои го одбивате просјакот, бидејќи немате; јас би сакал да кажете во вашите срца дека: не давам бидејќи немам, но да имав би дал.

25 И сега, ако вие си го кажете ова во своите срца вие останувате невини, во спротивно сте осудени; и вашата осуда е праведна бидејќи вие го посакувате тоа што не сте го примиле.

26 И сега, за доброто на овие нешта кои ви ги говорев—тоа е, за доброто за добивање на простување на вашите гревови од ден на ден, да одите невини пред Бог—Јас би сакал да им дадете од својот имот на сиромашните, секој човек според тоа што го има, како што е хранење на гладните, облекување на голите, посетување на болните и послужување за нивна помош, и духовно и временски, според нивните потреби.

27 И гледајте сите овие нешта да се направени со мудрост и ред; зашто не е услов човекот да трча повеќе од што има сила. И повторно, целисходно е тој да биде трудољубив за да може да ја освои својата награда; затоа, сите нешта мора да бидат направени со ред.

28 И јас би сакал да се сетите, дека кој и да позајмува од неговиот сосед треба да го враќа тоа што го позајмува, како што се договорил, или ти ќе направиш грев; и можеби ќе натераш и твојот сосед да направи грев исто така.

29 И најпосле, не можам да ви ги кажам сите нешта со кои можете да извршите грев; бидејќи има различни начини и средства, дури и толку многу што не можам да ги избројам.

30 Но волку можам да ви кажам, дека ако не можете да внимавате на себе, и на своите мисли, и на своите зборови, и на своите дела, и ги одржувате Божјите заповеди, и истраете во верата во тоа што сте го слушнале за доаѓањето на нашиот Господ, и тоа до крајот на своите животи, ќе морате да загинете. И сега, О човеку, сети се, и немој да загинеш.