Свети Писма
Мосија 28


Глава 28

Синовите на Мосија одат да им проповедаат на Ламанитите—Користејќи ги двата јасновидни камења, Мосија ги преведува Јаредитските плочи. Околу 92 п.н.е.

1 Сега се случи откако синовите на Мосија беа ги направиле сите овие нешта, тие земаа мал број со нив и се вратија кај татко им, царот, и посакуваа од него да им додели да можат, со овие кои беа ги одбрале, да тргнат горе во земјата Нефи за да можат да ги проповедаат нештата кои беа ги слушнале, и да можат да им го пренесат Божјото слово на нивните браќа, Ламанитите—

2 За можеби да можат да ги доведат до знаење за Господ нивниот Бог, и да ги убедат за беззаконието на нивните татковци; и дека можеби можат да ги излекуваат од нивната омраза кон Нефитите, за да можат исто така да бидат доведени да Му се радуваат на Господ нивниот Бог, за да станат пријателски расположени едни со други, и повеќе да нема препирања во сета земја која Господ нивниот Бог беше им ја дал.

3 Сега тие посакуваа спасението да му биде објавено на секое суштество, бидејќи не би поднеле некоја човечка душа да умре; да, дури и мислата дека било која душа треба да издржи бескрајно мачење ги предизвика да се тресат и треперат.

4 И така Духот на Господ работеше помеѓу нив, бидејќи тие беа најгрешните меѓу грешниците. И така Господ сметаше дека е соодветно со Неговата бесконечна милост да ги поштеди; сепак претрпеа многу мачење на душата поради нивните беззаконија, страдајќи многу и плашејќи се дека ќе бидат отфрлени засекогаш.

5 И се случи тие да го молеа нивниот татко многу дена за да можат да одат горе во земјата Нефи.

6 И царот Мосија отиде и го праша Господ дали треба да дозволи неговите синови да одат помеѓу Ламанитите да го проповедаат словото.

7 И Господ му кажа на Мосија: Нека одат горе, бидејќи многумина ќе им поверуваат на нивните зборови, и ќе имаат вечен живот; и Јас ќе ги избавам твоите синови од рацете на Ламанитите.

8 И се случи дека Мосија им одобри да одат и да делуваат според нивното барање.

9 И тие го започнаа нивното патување во дивината да одат горе да го проповедаат словото помеѓу Ламанитите; и јас ќе дадам извештај за нивните постапки понатаму.

10 Сега царот Мосија немаше на кого да му го додели царството, бидејќи немаше никој од неговите синови кој би го прифатил царството.

11 Затоа ги одведе записите кои беа врежани на плочите од месинг, и исто така плочите на Нефи, и сите нешта кои беше ги зачувал и заштитил според Божјите заповеди, откако ги преведе и нареди да бидат запишани записите кои беа на златните плочи кои беа пронајдени од народот на Лимхи, кои му беа доставени од рацете на Лимхи;

12 И го стори ова поради вистинскиот неспокој на неговиот народ; бидејќи посакуваа вон мерките да знаат во врска со тој народ кој беше уништен.

13 И сега тој ги преведе со помош на оние два камења кои беа прицврстени за двата обрачи од лакот.

14 Сега овие нешта беа подготвени од почетокот, и беа пренесувани од поколение до поколение, со цел за толкување на јазици;

15 И беа зачувани и заштитени од раката на Господ, за Тој да открие на секое суштество кое ќе ја поседува земјата за беззаконијата и одвратностите на Неговиот народ;

16 И кој и да ги има овие нешта се вика јасновидец, како во старите времиња.

17 Сега откако Мосија беше завршил со преведувањето на овие записи, ете, даде извештај за народот кој беше уништен, од времето кога беа уништени до градењето на големата кула, во времето кога Господ го помеша јазикот на луѓето и беа распрснати ширум лицето на целата земја, да, и дури од тоа време назад до создавањето на Адам.

18 Сега овој извештај предизвика народот на Мосија премногу да жали, да, беа исполнети со тага; сепак им даде многу знаење, во што се радуваа.

19 И овој извештај ќе биде запишан понатаму зашто ете, потребно е сите луѓе да знаат за нештата кои се запишани во овој извештај.

20 И сега, како што ви кажав, дека откако царот Мосија беше ги сторил овие нешта; ги зема плочите од месинг, и сите нешта кои ги беше зачувал, и му ги додели на Алма, кој беше син на Алма; да, сите записи, и исто толкувањата, и му ги додели на него, и му заповеда да ги зачува и да ги заштити, и исто така да пишува запис за народот, предавајќи ги од едно поколение на друго, дури како што беа предавани од времето кога Лехи го напушти Ерусалим.