Свети Писма
Мосија 23


Извештај за Алма и за народот на Господ, кои беа протерани во дивината од народот на Царот Ное.

Ги опфаќа главите 23 и 24.

Глава 23

Алма одбива да биде цар—Тој служи како висок свештеник—Господ го укорува Неговиот народ, а Ламанитите ја освојуваат земјата Хелам—Амулон, водач на пакосните свештеници на царот Ное, владее како поданик на Ламанитскиот монарх. Околу 145–121 п.н.е.

1 Сега Алма, предупреден од Господ дека војските на царот Ное ќе дојдат врз нив и откривајќи му на неговиот народ, затоа тие ги собраа заедно нивните стада, и земаа од нивното жито, и заминаа во дивината пред војските на царот Ное.

2 И Господ ги зацврсти, така што народот на царот Ное не можеа да ги престигнат за да ги уништат.

3 И тие бегаа осум дена патувајќи во дивината.

4 И пристигнаа во земја, да, и тоа многу убава и пријатна земја, земја на чиста вода.

5 И ги распнаа нивните шатори, и започнаа да ја обработуваат земјата, и започнаа да градат градби; да, беа вредни, и премногу работеа.

6 А народот сакаше Алма да биде нивниот цар, бидејќи тој беше љубен од неговиот народ.

7 Но тој им кажа: Ете, не е целисходно ние да имаме цар; бидејќи така кажа Господ: Нема да цените едно тело врз друго, ниту еден човек да не се замислува дека е над другиот; затоа ви велам дека не е целисходно да имате цар.

8 Сепак, ако беше можно секогаш да имате праведни луѓе да ви бидат цареви добро би било да имате цар.

9 Но сетете се на беззаконието на царот Ное и неговите свештеници; и јас самиот бев фатен во замка, и правев многу нешта кои беа одвратни во очите на Господ, што ми предизвика тешко покајание;

10 Сепак, после многу страдања, Господ ги слушна моите довикувања и ги одговори моите молитви, и ме направи инструмент во Неговите раце за доведување на многу од вас до знаењето за Неговата вистина.

11 Сепак, не славам за ова, бидејќи сум недостоен да се славам себеси.

12 И сега ви велам, бевте угнетени од царот Ное, и бевте во ропство кај него и на неговите свештеници, и бевте доведени во беззаконие од нив; затоа бевте врзани со оковите на беззаконието.

13 И сега штом бевте избавени преку Божјата моќ надвор од овие окови; да, дури и од рацете на царот Ное и неговиот народ, и исто така од оковите на беззаконието, така посакувам да останете цврсти во оваа слобода со која сте ослободени, и да не верувате на ниту еден човек да биде цар врз вас.

14 И исто така не верувајте на никого да ви биде ваш учител ниту проповедник освен ако не е човек Божји, чекорејќи по Неговите патеки и одржувајќи ги Неговите заповеди.

15 Така Алма го поучуваше неговиот народ, дека секој човек треба да си го сака соседот како и самиот себеси, за да нема препирање помеѓу нив.

16 И сега, Алма им беше врховен свештеник, тој беше основач на нивната црква.

17 И се случи никој да не добие власт да проповеда ниту да поучува освен преку него од Бог. Затоа тој ги освети сите негови свештеници и сите нивни учители; и ниту едни не беа осветени освен оние кои беа праведни луѓе.

18 Затоа тие го набљудуваа нивниот народ, и ги негуваа со нешта кои се однесуваа на праведност.

19 И се случи да започнат да напредуваат премногу во земјата; и ја нарекоа земјата Хелам.

20 И се случи тие да се размножуваат и премногу да напредуваат во земјата Хелам; и изградија град, кој го нарекоа градот Хелам.

21 Сепак Господ сметаше дека е соодветно да го укори Неговиот народ; да, Тој го искуши нивното трпение и нивната вера.

22 Сепак—кој и да ја потпре Неговата вера во Него истиот ќе биде кренат на последниот ден. Да, и така беше со овој народ.

23 Зашто ете, ќе ви покажам дека беа доведени во ропство, и никој не можеше да ги избави освен Господ нивниот Бог, да, дури и Богот на Авраам и Исак и Јаков.

24 И се случи Тој да ги избави, и Тој им ги истакна Неговите силни моќи и големи беа нивните радувања.

25 Зашто ете, се случи додека беа во земјата Хелам, да, во градот Хелам, додека ја обработуваа земјата наоколу, ете војска на Ламанити беше во границите на земјата.

26 Сега се случи браќата на Алма да избегаат од нивните полиња, и се собраа заедно во градот Хелам; и беа многу поисплашени поради изгледот на Ламанитите.

27 Но Алма излезе напред и застана помеѓу нив, и ги охрабри да не се плашат, туку дека треба да се сетат на Господ нивниот Бог и Тој ќе ги избави.

28 Затоа ги замолкнаа нивните стравови, и започнаа да го довикуваат Господ за Тој да ги омекне срцата на Ламанитите, за да ги поштедат, и нивните жени, и нивните деца.

29 И се случи Господ да ги омекне срцата на Ламанитите. И Алма и неговите браќа излегоа напред и им се предадоа во нивните раце; и Ламанитите ја заземаа земјата Хелам.

30 Сега војските на Ламанитите, кои беа го следеле народот на царот Лимхи, беа загубени во дивината многу денови.

31 И ете, беа ги пронашле тие свештеници на царот Ное, на место кое го нарекуваа Амулон; и беа започнале да ја заземаат земјата Амулон и беа започнале да ја обработуваат земјата.

32 Сега името на водачот на тие свештеници беше Амулон.

33 И се случи Амулон да ги преколнува Ламанитите; и исто така ги испрати нивните жени, кои беа ќерки на Ламанитите, да молат со нивните браќа, да не ги погубат нивните сопрузи.

34 А Ламанитите имаа сочувство врз Амулон и неговите браќа, и не ги уништија, поради нивните жени.

35 А Амулон и неговите браќа им се придружија на Ламанитите, и патуваа во дивината во потрага по земјата Нефи кога ја открија земјата Хелам, која беше заземена од Алма и неговите браќа.

36 И се случи Ламанитите да му ветат на Алма и на неговите браќа, дека ако им го покажат патот кој води до земјата Нефи тие ќе им ги доделат нивните животи и нивната слобода.

37 Но откако Алма им го покажа патот кој води до земјата Нефи Ламанитите не го одржаа нивното ветување; туку поставија стражари околу земјата Хелам, врз Алма и неговите браќа.

38 А остатокот од нив отиде во земјата Нефи; а дел од нив се врати во земјата Хелам, и исто така ги доведоа со нив жените и децата на стражарите кои беа оставени во земјата.

39 И царот на Ламанитите беше му одобрил на Амулон да може да биде цар и владетел врз неговиот народ, кои беа во земјата Хелам; сепак тој немаше моќ да направи било што спротивно на волјата на царот на Ламанитите.