Свети Писма
Морони 8


Глава 8

Крштавањето на мали деца е злобна одвратност—Малите деца се живи во Христос поради Помирувањето—Верата, покајанието, питомоста и понизноста во срцето, примањето на Светиот Дух, и издржувањето до крај водат до спасение. Околу 401–421 н.е.

1 Писмо од мојот татко Мормон, напишано за мене, Морони; и ми беше напишано скоро после мојот повик за служба. И на овој начин ми напиша, велејќи:

2 Мој љубен сине, Морони, јас се радувам прекумерно што твојот Господ Исус Христос внимава на тебе, и те повика во Негова служба, и во Неговото свето дело.

3 Секогаш те спомнувам во моите молитви, постојано Му се молам на Бог Отецот во името на Неговото Свето Дете, Исус, дека Тој, преку Неговата бесконечна добрина и благодат, ќе те одржи преку издржувањето со вера во Неговото име до крај.

4 И сега, синко мој, ти зборувам во врска со тоа што прекумерно ме натажува; бидејќи ме натажува што се креваат оспорувања од кај вас.

5 Зашто, ако ја научив вистината, имаше оспорувања помеѓу вас во врска со крштавањето на вашите мали деца.

6 И сега, синко мој, посакувам да работите трудољубиво, за оваа грозна грешка да биде отстранета од помеѓу вас; бидејќи, со оваа намера го напишав ова писмо.

7 Зашто веднаш штом ги дознав овие нешта од тебе Го прашав Господ во врска со состојбата. И Господовто слово дојде кај мене преку моќта на Светиот Дух, велејќи:

8 Слушни ги зборовите на Христос, твојот Искупител, твојот Господ и твојот Бог. Ете, не дојдов на светот да ги повикувам праведните туку грешниците на покајание; на здравите не им треба лекар, туку на оние кои се болни; заради што, малите деца се здрави, бидејќи не се способни да направат грев; заради што клетвата на Адам е тргната од нив во Мене, за да нема моќ врз нив; и законот на обрезување преку Мене е прекинат.

9 И на овој начин Светиот Дух ми го прикажа Божјето слово мене; заради што, мој љубен сине, знам дека е свечено исмевање пред Бог, дека ќе крштевате мали деца.

10 Ете ви велам дека ова ќе го учите—покајание и крштавање на оние кои се одговорни и способни за извршување грев; да; учете ги родителите дека треба да се покајат и да бидат крстени, и да се понизат како нивните мали деца, и сите тие ќе бидат спасени со нивните мали деца.

11 И на нивните мали деца не им треба покајание, ниту крштавање. Ете, крштавање е во покајание за исполнување на заповедите за опростување од гревови.

12 Но малите деца се живи во Христос, и тоа од основањето на светот; ако не е така, Бог е делумно Бог, и исто променлив Бог, и пристрасен кон личности; бидејќи колку мали деца умреле без крштавање!

13 Заради што, ако малите деца не можат да бидат спасени без крштавање, мора да одат во бескраен пекол.

14 Ете ви велам, дека тој што мисли дека на малите деца им треба крштавање е во жолчката на горчината и во оковите на беззаконието; бидејќи тој нема ниту вера, надеж, ниту милосрдие; заради што, ако е отсечен уште додека размислува, мора да оди во пеколот.

15 Зашто ужасна е пакоста да се мисли дека Бог спасува едно дете поради крштавање, а другото да загине бидејќи не е крстено.

16 Тешко на оние кои ќе ги изопачат Господовите патишта на овој начин, бидејќи ќе загинат ако не се покајат. Ете, зборувам со смелост, имајќи власт од Бог; и не се плашам од она што човекот може да прави; бидејќи совршената љубов го отфрла целиот страв.

17 И сум исполнет со милосрдие, што е вечна љубов; заради што, сите деца ми се исти; заради што, ги љубам малите деца со совршена љубов; и сите тие се исти и учесници во спасението.

18 Зашто знам дека Бог не е делумен Бог, ниту променливо суштество; туку Тој е непроменлив од целата вечност до вечност.

19 Малите деца не можат да се покајат; заради што, ужасна пакост е да ги негираме чистите милости на Бог на оние, бидејќи сите тие се живи во Него поради Неговата милост.

20 А тој што вели дека на малите деца им треба крштавање ги негира Христовите милости, и го поставува како ништо Неговото помирување и моќта на Неговото искупување.

21 Тешко на такви, бидејќи се во опсаност од смрт, пекол, и бескрајно мачење. Смело зборувам; Бог ми заповеда. Слушнете ги и обрнете внимание, или ќе станат против вас на судиската столица на Христос.

22 Зашто ете дека сите деца се живи во Христос, и исто сите оние кои се без законот. Бидејќи моќта на искупувањето доаѓа кај сите оние кои немаат закон; заради што, тој што не е осуден, или кој не е под осуда, не може да се покае; и на таков крштавање не му овозможува ништо—

23 Туку е исмевање пред Бог, негирајќи ги Христовите милости, и моќта на Неговиот Свет Дух, и положувајќи вера во мртви дела.

24 Ете, сине мој, ова не треба да биде; бидејќи покајанието е кај нив кои се под осуда и под клетвата на прекршен закон.

25 И првиот плод на покајанието е крштавање; и крштавањето доаѓа преку вера до исполнувањето на заповедите; и исполнување на заповедите носи опростување од гревовите;

26 И опростувањето на гревовите носи питомост, и понизност во срцето; и поради питомоста и понизноста во срцето доаѓа посетата на Светиот Дух, кој Утешител исполнува со надеж и совршена љубов, која љубов издржува преку трудољубивост со молитва, додека да дојде крајот, кога сите светци ќе живеат со Бог.

27 Ете, сине мој, повторно ќе ти напишам ако набрзо не тргнам против Ламанитите. Ете, гордоста на оваа нација, односно народот на Нефитите, го докажа нивното уништување освен ако не се покајат.

28 Молете се за нив, сине мој, за покајувањето да дојде при нив. Но ете, се плашам Духот да не престане да настојува во нив; и во овој дел на земјата исто така бараат да ја спуштат сета моќ и власт која доаѓа од Бог; и го негираат Светиот Дух.

29 И откако одбија толку големо знаење, сине мој, мораат наскоро да загинат, до исполнување на пророштвата кои беа кажани од пророците, исто и зборовите на нашиот Спасител Самиот.

30 Збогум, сине мој, додека не ти напишам, или додека повторно те сретнам. Амин.