Свети Писма
Морони 7


Глава 7

Покана е дадена да се влезе во Господовиот спокој—Молете се со вистинска намера—Христовиот Дух им овозможува на луѓето да разликуваат добро од зло—Сатаната ги убедува луѓето да Го негираат Христос и да прават зло—Пророците го прикажуваат доаѓањето на Христос—Преку вера, чуда се направени и ангели служат—Луѓето треба да се надеваат на вечен живот и да се држат до милосрдие. Околу 401–421 н.е.

1 И сега јас, Морони, пишувам неколку од зборовите на мојот татко Мормон, кои ги зборува во врска со вера, надеж, и милосрдие; бидејќи на овој начин му зборуваше на народот, додека ги поучуваше во синагогата што ја изградија како место за обожавање.

2 И сега јас, Мормон, ви говорам, мои љубени браќа; и е преку благодатта на Бог Отецот, и нашиот Господ Исус Христос, и Неговата света волја, поради дарот на Неговиот повик кон мене, дека ми е дозволено да ви зборувам во ова време.

3 Заради што, ќе ви говорам на вас кои сте од црквата, кои сте мирни следбеници на Христос, и кои сте набавиле доволна надеж за да влезете во Господовиот спокој, од сега натаму додека да имате спокој со Него на небесата.

4 И сега браќа мои, ги заклучувам овие нешта за вас поради вашето мирно чекорење со човечките деца.

5 Зашто се сеќавам на Божјото слово кое кажува по нивните дела ќе ги познавате; бидејќи ако нивните дела се добри, тогаш тие исто така се добри.

6 Зашто ете, Бог кажа дека човек што е злобен не може да го направи тоа што е добро; бидејќи ако понуди дар, или се моли на Бог, ако не го направи тоа со вистинска намера нема да има добивка.

7 Зашто ете, не му се смета за праведност.

8 Зашто ете, ако злобен човек даде дар, го прави со двоумење; заради што за него се смета како да го задржал дарот; заради што тој се смета за злобен пред Бог.

9 И исто така се смета за злобно кај човекот, ако се моли а не со вистинска намера во срцето; да, и тој нема да има добивка, бидејќи Бог не прима такви.

10 Заради што, човек што е злобен не може да го прави тоа што е добро; ниту ќе даде добар дар.

11 Зашто ете, горчлив извор не може да пушта добра вода; ниту добар извор не може да пушта горчлива вода; заради што, човекот што е слуга на ѓаволот не може да Го следи Христос; и ако Го следи Христос не може да биде слуга на ѓаволот.

12 Заради што, сѐ што е добро доаѓа од Бог; и тоа што е злобно доаѓа од ѓаволот; бидејќи ѓаволот е непријател на Бог, и се бори против Него постојано, и поканува и мами на грев, и да се прави тоа што е злобно постојано.

13 Но ете, тоа што е од Бог поканува и потикнува да се прави добро постојано; заради што, сѐ што поканува и поттикнува да се прави добро, и да се љуби Бог, и да Му се служи Него, е инспирирано од Бог.

14 Заради што, обрнете внимание, мои љубени браќа, дека не го судите тоа што е злобно дека е од Бог, или тоа што е добро и од Бог дека е од ѓаволот.

15 Зашто ете, мои браќа, дадено ви е да судите, за да го разликувате доброто од злото; и начинот да судите е јасен, за да знаете со совршено знаење, како што е дневната светлина од темната ноќ.

16 Зашто ете, Христовиот Дух е даден на секој човек, за да разликува добро од зло; заради што, ви го покажувам начинот да судите; бидејќи сѐ што ве поканува да правите добро, и ве убедува да верувате во Христос, е испратено преку моќта и дарот на Христос; заради што можете да знаете со совршено знаење дека е од Бог.

17 Но што и да ги убедува луѓето да прават зло, и да не веруваат во Христос, и да Го негираат Него, и да не Му служат на Бог, тогаш можете да знаете со совршено знаење дека е од ѓаволот; бидејќи на овој начин работи ѓаволот, бидејќи не убедува ниту еден човек да прави добро, не, ниту еден; ниту неговите ангели; ниту оние кои му се потчинуваат.

18 И сега, мои браќа, гледајќи дека ја знаете светлината со кој ќе судите, која светлина е светлината на Христос, гледајте да не судите погрешно; бидејќи со тоа исто судење со кое судите ќе ви биде судено.

19 Заради што, ве преколнувам, браќа, да ја барате трудољубиво Христовата светлина за да можете да знаете добро од зло; и ако се задржите на секое добро нешто, и не го осудите, сигурно ќе бидете Христово дете.

20 И сега, мои браќа, како е можно да го задржите секое добро нешто?

21 И сега доаѓам до таа вера, за која реков дека ќе зборувам; и ќе ви го кажам начинот на кој можете да го задржите секое добро нешто.

22 Зашто ете, Бог знаејќи ги сите нешта, бидејќи е од вечност до вечност, ете, Тој испраќа ангели да им служат на човечките деца, да го прикажат доаѓањето на Христос; и преку Христос ќе дојде секое добро нешто.

23 И Бог исто им објавува на пророците, преку сопсвената Негова уста, дека Христос ќе дојде.

24 И ете, имаше различни начини на кои Тој им прикажа нешта на човечките деца, кои беа добри; и сите нешта кои се добри доаѓаат од Христос; во спротивно луѓето беа паднати, и ништо добро не можеше да дојде при нив.

25 Заради што, преку служењето на ангели, и преку секој збор што излегува од устата на Бог, луѓето започнуваа да практикуваат вера во Христос; и така преку вера, го задржаа секое добро нешто; и така беше до доаѓањето на Христос.

26 И откако Тој дојде луѓето беа спасени преку вера во Неговото име; и преку вера, станаа синови на Бог. И сигурно како што Христос живее Тој ги кажа овие зборови на нашите татковци, велејќи: Што и да побарате од Отецот во Мое име, што е добро, со вера верувајќи дека ќе примите, ете, ќе ви биде сторено на вас.

27 Заради што, мои љубени браќа, дали чудата престанаа бидејќи Христос се воздигна на небесата, и седна на десната рака на Бог, да ги побара од Отецот Неговите права на милост кои Тој ги имаше врз човечките деца?

28 Зашто Тој ги одговори краевите на законот, и Тој ги зема сите оние кои имаат вера во Него; и тие што веруваат во Него ќе се држат до секое добро нешто; заради што Тој ја застапува целта на човечките деца; и Тој вечно живее на небесата.

29 И бидејќи Тој го беше направил ова, мои љубени браќа, дали запреа чудата? Ете ви велам, Не, ниту ангелите престанаа да им служат на човечките деца.

30 Зашто ете, тие Му се подложени на Него, да служат според словото на Неговата заповед, покажувајќи им се на оние со силна вера и цврст ум во секаков вид на божественост.

31 И должноста на нивното служење е да ги повикуваат луѓето на покајание, и да ги исполнат и прават делата на заветите на Отецот, кои Тој ги направи на човечките деца, да го подготви патот за човечките деца, објавувајќи го Христовото слово на одбраните Господови примачи за да можат да сведочат за Него.

32 И правејќи така, Господ Бог подготвува начин за остатокот на луѓето да можат да имаат вера во Христос, за Светиот Дух да има место во нивните срца, според Неговата моќ; и на овој начин Отецот ги исполнува заветите кои Тој ги направи со човечките деца.

33 И Христос кажа: Ако имате вера во Мене ќе имате моќ да правите што било да е целисходно во Мене.

34 И Тој кажа: Покајте се сите вие краишта на земјата, и дојдете кај Мене, и бидете крстени во Мое име, и имајте вера во Мене, за да можете да бидете спасени.

35 И сега, мои љубени браќа, ако ова е случајот дека овие нешта се вистини кои ви ги кажав, и Бог ќе ви покаже, со слава и голема моќ на последниот ден, дека се вистинити, и ако се вистинити дали запре денот на чудата?

36 Или дали ангели престанаа да им се појавуваат на човечките деца? Или дали Тој ја задржа моќта на Светиот Дух од нив? Или дали Тој ќе ја задржи, додека трае времето, или земјата стои, или ќе има само еден човек на нејзиното лице да биде спасен?

37 Ете ви велам, Не; бидејќи е преку вера дека чудата се направени; и е преку вера дека ангели се појавуваат и им служат на луѓето; заради што, ако запрат овие нешта, тешко на човечките деца, бидејќи е поради неверување, и сѐ е залудно.

38 Зашто ниту еден човек не може да биде спасен, според зборовите на Христос, освен ако нема вера во Неговото име; заради што, ако престанат овие нешта, тогаш и верата исто престанува; и ужасна е човечката состојба, бидејќи се како да не постоеше искупување.

39 Но ете, мои љубени браќа, ви судам подобри нешта за вас, бидејќи судам дека имате вера во Христос поради вашата питомост; бидејќи ако немате вера во Него тогаш не сте соодветни да бидете вброени помеѓу народот на Неговата црква.

40 И повторно, мои љубени браќа, ќе ви зборувам во врска со надеж. Како можете да достигнете до вера, ако немате надеж?

41 И за што ќе се надевате? Ете ви велам дека ќе имате надеж преку помирувањето на Христос и моќта на Неговото воскреснување, да бидете кренати во вечен живот, и тоа поради вашата вера во Него според ветувањето.

42 Заради што, ако човек има вера мора да има и надеж; бидејќи без вера не може да има надеж.

43 И повторно, ете ви велам дека не може да има вера и надеж, освен ако не е скромен, и понизен во срцето.

44 Ако е така, неговата вера и надеж е залудна, бидејќи никој не е прифатлив пред Бог, освен питомите и понизните во срцето, и ако човек е питомен и понизен во срцето и признава преку моќта на Светиот Дух дека Исус е Христос, мора да има милосрдие; бидејќи ако нема милосрдие не е ништо; заради што мора да има милосрдие.

45 И милосрдието страда долго, и е љубезно, и не завидува, и не е кренато, не го бара сопственото, не е лесно провоцирано, не размислува зло, и не се радува во беззаконие туку се радува во вистината, ги поднесува сите нешта, верува на сите нешта, се надева на сите нешта, ги издржува сите нешта.

46 Заради што, мои љубени браќа, ако немате милосрдие, ништо не сте, бидејќи милосрдието никогаш не изневерува. Заради што, држете се до милосрдие, кое е најголемо од сите, бидејќи сите нешта мора да пропаднат—

47 Но милосрдието е чистата љубов на Христос, и издржува засекогаш; и кој е опседнат од неа на последниот ден, ќе биде добро со него.

48 Заради што, мои љубени браќа, молете Му се на Отецот со цела енергија на срцето, за да бидете исполнети со оваа љубов, која Тој ја подари врз сите кои се вистински следбеници на Неговиот Син, Исус Христос; за да станете Божји синови; дека кога Тој ќе се појави ќе станеме како Него, бидејќи ќе Го видиме Него како што Тој е; за да можеме да ја имаме оваа надеж; за да можеме да бидеме прочистени дури како што и Тој е чист. Амин.