Свети Писма
Морони 6


Глава 6

Покајните личности се крстени и придружувани—На членовите на Црквата кои се покајуваат им е простено—Средбите се спроведени преку моќта на Светиот Дух. Околу 401–421 н.е.

1 И сега зборувам во врска со крштавањето. Ете, старешини, свештеници, и учители беа крстени; и не беа крстени освен ако не родеа плод кој покажува дека се достојни за тоа.

2 Ниту примија некого за крштавање освен ако не дојдат со скршено срце и покајнички дух, и посведочат на црквата дека навистина се покајале за сите нивни гревови.

3 И никој не беше примен за крштавање освен ако не го прими името на Христос, имајќи одлучност да Му служи Него до крај.

4 И откако беа запомнети за крштавање, и беа обеземени повлијани и исчистени преку моќта на Светиот Дух, беа вброени помеѓу народот од црквата на Христос; и нивните имиња беа земени, за да бидат запомнети и негувани од доброто слово на Бог, да ги одржува на вистинскиот пат, да ги одржува постојано внимателни во молитва, потпирајќи се само на заслугите на Христос, Кој беше авторот и извршителот на нивната вера.

5 И црквата често се сретнуваше, да пости и да се моли, и да зборуваат едни со други во врска со благосостојбата на нивните души.

6 И често се сретнуваа заедно за да земаат од лебот и виното, во сеќавање на Господ Исус.

7 И беа строги да набљудуваат да нема беззаконие помеѓу нив; и кој и да беше пронајден како прави беззаконие, и тројца сведоци од црквата ги осудија пред старешините, и ако не се покаеја, и не признаеја, нивните имиња беа избришани, и не беа вброени помеѓу народот на Христос.

8 Но колку повеќе се покајуваа и бараа прошка, со вистинска намера, им беше простувано.

9 И нивните средби беа спроведени од црквата по начинот на делување на Духот, и преку моќта на Светиот Дух; бидејќи додека моќта на Светиот Дух ги водеше да проповедаат, односно да опоменуваат, или да се молат, или понизно да замолат, или да пеат, дури и така беше сторено.