Свети Писма
Морони 5


Глава 5

Начинот на послужување на сакраменталното вино е истакнат. Околу 401–421 н.е.

1 Начинот на послужување на виното—Ете, ја земаа чашата, и рекоа:

2 О Боже, Вечен Оче, те молиме во името на Твојот Син, Исус Христос, да го благословиш и осветиш ова вино за душите на сите тие што пијат од него, за да можат да го прават тоа во сеќавање на крвта на Твојот Син, што беше пролеана за нив; за да можат да ти посведочат, О Боже, Вечен Оче, дека секогаш го помнат, за да можат да го имаат Неговиот Дух со нив. Амин.