Свети Писма
Јаков 3


Глава 3

Чистите во срцето го примаат пријатното Божјо слово—Ламанитската праведност ја надминува таа на Нефитите—Јаков предупредува против блуд, сладострастие, и секој грев. Околу 544–421 п.н.е.

1 Но ете, Јас, Јаков, ќе ви зборувам на вас кои сте чисти во срцето. Погледнете Го Бог со цврстина во умот, и молете му се на Него со прекумерна вера, и Тој ќе ве утеши во вашите неволји, и Тој ќе моли за вашата цел, и ќе испрати доле правда врз оние кои го бараат вашето уништување.

2 О сите вие кои сте чисти во срцето, кренете ги главите и примете го пријатното Божјо слово, и гоштевајте се со Неговата љубов; бидејќи можете, ако вашите умови се цврсти, засекогаш.

3 Но, тешко, тешко, на вас кои не сте чисти во срцето, кои сте валкани овој ден пред Бог; бидејќи ако не се покаете оваа земја ќе биде проклета поради вас; и Ламанитите, кои не се валкани како вас, сепак се проколнати со тешка клетва, ќе ве камшикуваат дури до уништување.

4 И времето брзо се ближи, дека ако не се покаете тие ќе ја завземат земјата на вашето наследство, и Господ Бог ќе ги изведе праведните помеѓу вас.

5 Ете, Ламанитите вашите браќа, кои ги мразите поради нивната валканост и клетвата која ги стигна нивните кожи, се поправедни од вас; бидејќи не ја заборавиле Господовата заповед, која му беше дадена на нашиот татко—дека треба да имаат само една жена, и дека не треба да имаат ниту една конкубина, и дека не треба да има блудства извршени помеѓу нив.

6 И сега, тие гледаат да ја одржат оваа заповед; затоа, поради нивното гледање, во одржување на оваа заповед, Господ Бог нема да ги уништи, туку ќе биде милостив врз нив; и еден ден ќе станат благословен народ.

7 Ете, нивните мажи ги љубат нивните жени, и нивните жени си ги љубат нивните мажи; и нивните жени и мажи си ги љубат нивните деца; а нивните неверување и омраза кон вас е поради беззаконието на нивните татковци; затоа, колку подобри сте вие од нив, во очите на вашиот голем Создавач?

8 О браќа мои, се плашам дека ако не се покаете од вашите гревови, нивните кожи ќе бидат побели од вашите, кога ќе бидете доведени со нив пред Божјиот престол.

9 Затоа, ви давам заповед, која е Божјото слово, за повеќе да не се побунувате против нив поради темнината на нивната кожа; ниту ќе се побунувате против нив поради нивната валканост; туку ќе се сетите на вашата сопствена валканост, и ќе се сетите дека нивната валканост доаѓа поради нивните татковци.

10 Затоа, ќе се сетите на вашите деца, како ги натажувавте нивните срца поради примерот кој го поставивте пред нив; и исто така, запомнете дека можете, поради вашата валканост, да ги доведете вашите деца до уништување, и нивните гревови да бидат собрани врз вашите глави на последниот ден.

11 О браќа мои, послушајте ги моите зборови; разбудете ги способностите на вашите души; затресете се за да можете да се разбудите од смртниот сон; и ослободете се од пеколните болки; за да не станете ѓаволски ангели, за да не бидете фрлени во тоа езеро од оган и сулфур што е втората смрт.

12 И сега јас, Јаков, му говорев многу повеќе нешта на Нефитскиот народ, предупредувајќи ги против блуд и сладострастие, и секаков вид на грев, кажувајќи им ги ужасните последици од нив.

13 И стотиот дел од постапките на мојот народ, кој сега започна да биде броен, не може да биде напишан врз овие плочи; но многу од нивните постапки се напишани врз поголемите плочи, и нивните војни, и нивните препирања, и владеењето на нивните цареви.

14 Овие плочи се наречени плочите на Јаков, и беа направени од раката на Нефи. И ставам крај на овие зборови.