Свети Писма
Алма 42


Глава 42

Смртноста е време за проба за да му овозможи на човекот да се покае и да му служи на Бог—Падот донесе привремена и духовна смрт врз целото човештво—Искупувањето доаѓа преку покајание—Бог Самиот помирува за гревовите на светот—Милоста е за тие што се покајуваат—Сите други се подложни на Божјата правда—Милост доаѓа поради Помирувањето—Само вистинските покајници се спасени. Околу 74 п.н.е.

1 И сега, синко мој, согледувам дека постои нешто друго што ти го вознемирува умот, што не можеш да го разбереш—што е во врска со Божјата правда во казнувањето на грешникот; бидејќи ти се обидуваш да претпоставиш дека е неправда тоа што грешникот ќе биде испратен во состојба на мизерија.

2 Сега ете, синко мој, ќе ти го објаснам ова на тебе. Зашто ете, откако Господ Бог ги испрати нашите први родители од Едемската градина, да ја обработуваат земјата, од каде што беа земени—да, Тој го извлече човекот, и Тој постави на источниот дел на Едемската градина, херувими, и огнен меч кој се вртеше на сите страни, да го чува дрвото на животот—

3 Сега, гледаме дека човекот беше станал како Бог, знаејќи добро и зло; и за да не ја испружи својата рака, и исто така да земе од дрвото на животот, и да јаде и да живее вечно, Господ Бог ги постави херувимите и огнениот меч, за да не земе од плодот—

4 И така гледаме, дека постоеше време дадено на човекот да се покае, да, време за проба, време да се покае и да Му служи на Бог.

5 Зашто ете, ако Адам веднаш ја беше испружил неговата рака, и земеше од дрвото на животот, ќе живееше вечно, според Божјото слово, немајќи простор за покајание; да, и исто така Божјото слово ќе беше бескорисно, и големиот план за спасение ќе беше спречен.

6 Но ете, на човекот му беше назначено да умре—затоа, штом беа отсечени од дрвото на животот требаше да бидат отсечени од лицето на земјата—и човекот засекогаш стана изгубен, да, тие станаа паднати луѓе.

7 И сега, преку ова гледате дека нашите први родители беа отсечени и привремено и духовно од присуството на Господ; и така гледаме дека станаа подложни да ја следат својата сопствена волја.

8 Сега ете, не беше потребно човекот да биде вратен од оваа привремена смрт, бидејќи тоа би го уништило големиот план за среќа.

9 Затоа, како што душата никогаш не може да умре, а падот беше му донел на целото човештво духовна смрт а исто и привремена, односно, тие беа отсечени од присуството на Господ, беше целисходно човештвото да се врати од оваа духовна смрт.

10 Затоа, штом беа станале телесни, сензуални, и ѓаволски, по природа, оваа состојба за проба стана состојба за нив да се подготват; стана подготвителна состојба.

11 И сега запомни, синко мој, да не беше планот на искупувањето, (положувајќи го настрана) штом би умреле нивните души би биле мизерни, би биле отсечени од присуството на Господ.

12 И сега, не постоеја начини да се вратат луѓе од оваа падната состојба, што човекот беше ја навлекол на себеси поради неговата сопствена непослушност;

13 Затоа, според правдата, планот за искупувањето не можеше да биде исполнет, само преку услови на покајание на луѓето во оваа состојба на проба, да, оваа подготвителна состојба; бидејќи без овие услови, милоста не би можела да има дејство освен ако го уништи делото на правдата. Сега делото на правдата не може да биде уништено; ако е така, Бог би престанал да биде Бог.

14 И така гледаме дека целото човештво беше паднато, и беа во дофат на правдата; да, Божјата правда, која ги испрати засекогаш да бидат отсечени од Неговото присуство.

15 И сега, планот на милоста не би можел да се исполни освен ако не се направеше помирување; затоа Бог Самиот помирува за гревовите на светот, да го исполни планот на милоста, да ги задоволи барањата за правда, за Бог да би можел да биде совршен, праведен Бог, и исто така милостив Бог.

16 Сега, покајанието не би можело да дојде кај луѓето освен ако немаше казна, која исто така е вечна како што и животот на душата ќе биде, прицврстена спротивно од планот на среќа, кој беше вечен како и животот на душата.

17 Сега, како може човекот да се покае освен ако не греши? Како може да греши ако не постоеше закон? Како може да постои закон освен ако нема казна?

18 Сега, постоеше прицврстена казна, и исправен закон даден, кој донесе грижа на совест кај човекот.

19 Сега, да не постоеше даден закон—ако човек убиеше требаше да умре—би се плашел ли дека ќе умре ако убие?

20 И исто така, да не постоеше даден закон против грев луѓето не би се плашеле да грешат.

21 И да не постоеше даден закон, ако луѓето грешеа што би можела да стори правдата, или милоста, бидејќи би немале право врз битието?

22 Но постои даден закон, и прицврстена казна, и доделено покајание; тоа покајание на кое милоста има право; во спротивно, правдата има право врз битието и го извршува законот, и законот ја применува казната; да не е така, праведните дела би биле уништени, и Бог би престанал да биде Бог.

23 Но Бог не престанува да биде Бог, и милоста има право врз покајниците, и милоста доаѓа поради помирувањето; и помирувањето го исполнува воскреснувањето на мртвите; и воскреснувањето на мртвите ги враќа луѓето во присуството на Бог; и така тие се обновени во Негово присуство, да бидат судени според нивните дела, според законот и правдата.

24 Зашто ете, правдата ги практикува сите негови барања, и исто така милоста зема сѐ што е нејзино; и така, никој не се спасува освен вистинските покајници.

25 Што, дали мислиш дека милоста може да ја скрати правдата? Ти кажувам, Не; ни најмалку. Ако е така, Бог би престанал да биде Бог.

26 И така Бог ги исполнува Неговите големи и вечни цели, кои беа подготвени од основањето на светот. И така доаѓаат спасението и искупувањето на луѓето, и исто така нивното уништување и мизерија.

27 Затоа, О синко мој, кој и да дојде може да дојде и слободно да земе од водите на животот; а тој што нема да дојде истиот не е принуден да дојде; туку на последниот ден ќе му биде обновено според неговите дела.

28 Ако тој посакуваше да прави зло, и не се покајал во неговите денови, ете, зло ќе му биде сторено, според обновувањето на Бог.

29 И сега, синко мој, посакувам повеќе да не дозволиш овие нешта да те вознемируваат, и само дозволи твоите гревови да те вознемируваат, со таа неволја која ќе те собори во покајување.

30 О синко мој, посакувам повеќе да не ја негираш Божјата правда. Не настојувај да се оправдуваш ни најмалку поради твоите гревови, преку негирање на Божјата правда; туку дозволи им на Божјата правда, и Неговата милост, и Неговата макотрпност да имаат полна контрола во твоето срце; и нека те собори во правта на понизноста.

31 И сега, О синко мој, повикан си од Бог да го проповедаш словото кај овој народ. И сега, синко мој, оди по својот пат, објавувај го словото со вистина и трезвеност, за да можеш да доведеш души до покајание, за големиот план на милост да има право врз нив. И Бог нека ти додели и тоа според моите зборови. Амин.