Свети Писма
Алма 25


Глава 25

Ламанитските напади се шират—Потомството на Ноевите свештеници изумира како што Абинади пророкуваше—Многу Ламанити се преобратени и се придружуваат на народот на Анти-Нефи-Лехи—Тие веруваат во Христос и го одржуваат законот на Мојсеј. Околу 90–77 п.н.е.

1 И ете, сега се случи тие Ламанити да беа полути бидејќи беа ги убиле своите браќа; затоа се заколнаа на одмазда врз Нефитите; и повеќе не се обидуваа да го убиваат народот на Анти-Нефи-Лехи во тоа време.

2 Туку ги земаа своите војски и отидоа на границите на земјата Зарахемла, и се навалија на народот кој беше во земјата Амониха и го уништија.

3 И после тоа, имаа многу борби со Нефитите, во кои беа протерани и убиени.

4 И помеѓу Ламанитите кои беа убиени беше речиси целото потомство на Амулон и неговите браќа, кои беа свештеници на Ное, и беа убиени од рацете на Нефитите;

5 И остатокот, побегна во источната дивина, и ја присвоија моќта и власта над Ламанитите, предизвикаа многу Ламанити да загинат од оган поради нивното верување—

6 Зашто многу од нив, откако претрпеа големи загуби и толку многу неволји, започнаа да бидат поттикнувани на сеќавање на зборовите кои Арон и неговите браќа им ги беа проповедале во нивната земја; затоа започнаа да не веруваат на традициите на нивните татковци, и да веруваат во Господ, и дека Тој им даде голема моќ на Нефитите; и така имаше многу од нив преобратени во дивината.

7 И се случи тие владетели кои беа остаток од децата на Амулон предизвикаа да бидат усмртени, да, сите тие кои веруваа во овие нешта.

8 Сега ова мачеништво предизвика многу од нивните браќа да бидат поттикнати на лутина; и започна препирање во дивината; и Ламанитите започнаа да го прогонуваат потомството на Амулон и неговите браќа и започнаа да ги убиваат; и тие избегаа во источната дивина.

9 И ете тие се прогонувани и денес од Ламанитите. Така зборовите на Абинади се исполнија, кои ги кажа во врска со потомството на свештениците кои предизвикаа тој да биде усмртен со оган.

10 Зашто тој им кажа: Тоа што ќе ми го направите на мене ќе биде пример за нештата кои следат.

11 И сега Абинади беше првиот кој претрпе смрт од оган поради неговото верување во Бог; сега на ова мислеше, дека многу ќе претрпат смрт од оган, како што тој беше страдал.

12 И тој им кажа на свештеници на Ное дека нивното потомство ќе предизвика многу да бидат усмртени на ист начин како што беше и тој, и дека ќе бидат растурени и убиени, како што овцата без овчар е одведена и убиена од диви ѕверови; и сега ете, овие зборови беа потврдени, бидејќи тие беа протерани од Ламанитите, и беа прогонувани, и беа удирани.

13 И се случи кога Ламанитите видоа дека не можат да ги надвладеат Нефитите повторно се вратија во својата земја: и многу од нив дојдоа да живеат во Исмаиловата земја и земјата Нефи, и се придружија на Божјиот народ, кои беа народот на Анти-Нефи-Лехи.

14 И тие исто така ги закопаа нивните воени оружја, исто како и нивните браќа, и започнаа да стануваат праведен народ и чекореа по Господовите патишта, и гледаа да ги одржат Неговите заповеди и Неговите одредби.

15 Да, и го одржуваа законот на Мојсеј; бидејќи беше потребно тие сѐ уште да го одржуваат законот на Мојсеј, се радуваа на доаѓањето на Христос, земајќи го во предвид законот на Мојсеј кој беше пример за Неговото доаѓање, и верувајќи дека мораа да ги одржат тие надворешни изведби до времето кога Тој ќе им се открие.

16 Сега не претпоставуваа дека спасението доаѓа преку законот на Мојсеј; но законот служеше да ја зацврсти нивната вера во Христос; и така тие преку верата ја задржаа надежта, за вечно спасение, потпирајќи се на духот на пророштвото, кој зборуваше за оние нешта кои следуваат.

17 И сега ете, Амон, и Арон, и Омнер, и Химни, и нивните браќа се радуваа премногу, за успехот кои го имаа помеѓу Ламанитите, гледајќи дека Господ беше им доделил во согласност со нивните молитви, и дека Тој исто така беше им го потврдил Неговото слово до најмал детаљ.