Свети Писма
3 Нефи 4


Глава 4

Нефитските војски ги поразуваат крадците на Гадиантон—Гидианхи е убиен, и неговиот наследник, Земнариха, е обесен—Нефитите Го слават Господ за нивните победи. Околу 19–22 н.е.

1 И се случи во подоцнежниот крај на осумнаесеттата година тие војски на крадци се беа подготвиле за борба, и започнаа да се симнуваат и да се залетуваат од брдата, и надвор од планините, и дивината, и нивните упоришта, и нивните тајни места, и започнаа да ги заземаат земјите, и оние кои беа на југ и оние кои беа на север, и започнаа да ги заземаат сите земји што беа напуштени од Нефитите, и градовите кои беа оставени опустошени.

2 Но ете, немаше диви ѕверови ниту дивеч во оние земји кои беа напуштени од Нефитите, и немаше дивеч за крадците освен во дивината.

3 И крадците не можеа да постојат освен во дивината, поради недостатокот на храна; бидејќи Нефитите ги напуштија нивните земји, и ги собраа нивните стада и крда и целиот нивен имот, и беа во една група.

4 Затоа, немаше шанса за крадците да ограбуваат и да стекнат храна, освен да влезат во отворена битка со Нефитите; а Нефитите беа во една група, и беа во голем број, и си обезбедија залихи, и коњи и стока, и стада од секаков вид, за да можат да се издржуваат за период од седум години, при што се надеваа да ги уништат крадците од лицето на земјата; и така заврши осумнаесеттата година.

5 И се случи во деветнаесеттата година Гидианхи дозна дека е целисходно да оди во борба против Нефитите, бидејќи не постоеше начин да се издржуваат освен ако не ограбуваат и одземаат и убиваат.

6 И тие не се осмелуваа да се рашират толку многу врз лицето на земјата за да одгледуваат жито, за да не ги нападнат Нефитите и да не ги убијат; затоа Гидианхи даде заповед на неговите војски дека во оваа година ќе ги нападнат Нефитите.

7 И се случи дека дојдоа да се борат; и тоа беше во шестиот месец; и ете, голем и ужасен беше денот кога дојдоа да се борат; и беа обвиени според начинот на крадците; и имаа јагнешка кожа околу бедрата, и беа обоени во крв, и нивните глави беа избричени, и имаа шлемови на нив; а голем и ужасен беше изгледот на војските на Гидианхи, поради нивниот оклоп, и поради тоа што беа обоени во крв.

8 И се случи дека војските на Нефитите, кога го видоа изгледот на војската на Гидианхи, сите беа паднале на земјата, и Го повикаа Господ нивниот Бог, за Тој да ги поштеди и ги избави од рацете на нивните непријатели.

9 И се случи дека кога војските на Гидианхи го видоа ова, тие започнаа да викаат со силен глас, поради нивната радост, бидејќи мислеа дека Нефитите беа паднале од страв поради ужасот на нивните војски.

10 Но во ова нешто беа разочарани, бидејќи Нефитите не се плашеа од нив; туку се плашеа од нивниот Бог и Го молеа Него за заштита; затоа, кога војските на Гидианхи им се нафрлија беа подготвени да ги пресретнат; да, со Господовата сила ги пресретнаа.

11 И борбата започна на шестиот месец; и голема и ужасна беше тамошната битка, да, и голем и ужасен беше тамошниот колеж, толку што никогаш не беше виден толку голем колеж помеѓу целиот народ на Лехи откако тој го напушти Ерусалим.

12 И без оглед на заканите и заклетвите кои Гидианхи ги направи, ете, Нефитите ги победија, толку што се повлекоа од нив.

13 И се случи Гидгидони да им нареди да ги следат до границите на дивината, и да не поштедат ниту еден што ќе падне во нивни раце; и така ги следеа и ги убиваа, до границите на дивината, дури сѐ додека не ја исполнија заповедта на Гидгидони.

14 И се случи Гидианхи, кој стоеше и се бореше со смелост, беше следен додека бегаше; и бидејќи беше изморен од многу борење тој беше престигнат и убиен. И таков беше крајот на Гидианхи крадецот.

15 И се случи војските на Нефитите повторно да се вратат во нивните безбедни места. И се случи оваа деветнаесетта година да помине, а крадците не се вратија повторно да се борат; ниту дојдоа во дваесеттата година.

16 И во дваесет и првата година не дојдоа да се борат, туку дојдоа од сите страни да го опсадат народот на Нефи; бидејќи мислеа дека ако го отсечат народот на Нефи од нивните земји, и ги ограничат од сите страни, и ако ги отсечат од нивните надворешни предности дека ќе ги натераат да се предадат според нивните желби.

17 Сега тие си назначија друг водач, чие име беше Земнариха; затоа Земнариха беше тој што нареди да се започне оваа опсада.

18 Но ете, ова беше предност за Нефитите; бидејќи беше невозможно за крадците да држат опсада доволно долго за да има некаков ефект на Нефитите, поради нивните многу залихи кои ги имаа во складиштето,

19 И поради недостатокот на залихите помеѓу крадците; зашто ете, немаа ништо освен месо за нивно издржување, кое месо го стекнаа во дивината;

20 И се случи дивечот да станува редок во дивината толку што крадците за малку ќе загинеа од глад.

21 И Нефитите постојано маршираа преку ден и преку ноќ, и ги напаѓаа нивните војски, и ги отсекуваа по илјадници и по десетици илјадници.

22 И така стана желбата на народот на Земнариха да се повлечат од нивниот план, поради големото уништување кое ги стигна преку ноќ и ден.

23 И се случи Земнариха да му заповеда на својот народ да се повлечат од опсадата, и да маршираат во најдалечните делови на земјата на север.

24 И сега, Гидгидони беше свесен за нивниот план, и знаејќи за нивната слабост поради недостатокот на храна, и големиот колеж кој беше направен помеѓу нив, затоа ги испрати неговите војски навечер, и го пресече патот на нивното повлекување, и ги постави неговите војски на патот на нивното повлекување.

25 И го направија ова навечер, и својот марш го продолжија подалеку од рабојниците, за следниот ден, кога крадците го започнаа нивниот марш, беа пресретнати од војските на Нефитите и од напред и одзади.

26 А крадците кои беа на југ исто така беа отсечени од нивните места за повлекување. И сите овие нешта беа направени преку команда на Гидгидони.

27 И имаше многу илјадници кои се предадоа како затвореници на Нефитите, а остатокот од нив беа убиени.

28 И нивниот водач, Земнариха, беше одведен и заврзан за дрво, да, дури и на врвот додека не умре. И кога го обесија додека не умре и го бутнаа дрвото на земја, и повикаа со силен глас, велејќи:

29 Нека Господ го зачува Неговиот народ со праведност и светост на срцето, и нека направи да паднат на земјата сите оние кои сакаат да ги убијат поради моќ и тајни сојузи, и тоа како што овој човек падна на земјата.

30 И тие се радуваа и повторно повикаа со еден глас, велејќи: Нека Богот на Авраам, и Богот на Исак, и Богот на Јаков, го заштитува овој народ со праведност, сѐ додека не го повикуваат името на нивниот Бог за заштита.

31 И се случи да истапат, сите како еден, во пеење, и славење на нивниот Бог за големото нешто што Тој го направи за нив, заштитувајќи ги од паѓање во рацете на нивните непријатели.

32 Да, тие повикаа: Осана на Највисокиот Бог. И повикаа: Нека биде благословено името на Господ Бог Семоќниот, Највисокиот Бог.

33 И нивните срца беа преплавени со радост, до изливање на многу солзи, поради добрината на Бог во избавување од рацете на нивните непријатели; и знаеја дека беше поради нивното покајание и нивната понизност што беа избавени од вечно уништување.