Свети Писма
2 Нефи 27


Глава 27

Темнина и отпадништво ќе ја покријат земјата во последните денови—Книгата на Мормон ќе се појави—Три сведока ќе сведочат за книгата—Учениот човек ќе каже дека не може да ја чита запечатената книга—Господ ќе направи чудесно дело и чудо—Спореди Исаија 29. Околу 559–545 п.н.е.

1 Но ете, во последните денови, односно во деновите на Неевреите—да, ете сите Нееврејски нации а исто така и Евреите, и оние кои ќе дојдат во оваа земја и оние кои ќе бидат во други земји, да, и тоа во краиштата на земјата, ете, ќе бидат пијани од беззаконие и сите видови на одвратности—

2 И кога ќе дојде тој ден ќе бидат посетени од Господ на Војските, со гром и со земјотрес, и со голема бучава, и со бура, и со невреме, и со пламенот на оганот што проголтува.

3 И сите нации кои се борат против Сион, и што го вознемируваат, ќе бидат како сон на ноќна визија; да, ќе им биде, како гладен човек да сонува, и ете тој јадел но се разбудил и неговата душа е гладна; односно како жеден човек кој сонувал, и ете тој пиел меѓутоа се разбудил и ете слаб е, и неговата душа има апетит; да, така ќе биде со мноштвото на сите нации кои се борат против Планината Сион.

4 Зашто ете, сите вие што правите беззаконие, престанете и чудете се, бидејќи ќе довикувате, и довикувате; да, ќе бидете пијани но не од вино, ќе се тетеравите но не од жесток пијалак.

5 Зашто ете, Господ го излеа врз вас духот на длабок сон. Зашто ете, ги затворивте вашите очи, и ги одбивте пророците; и вашите владетели, и Тој ги прикри јасновидците поради вашето беззаконие.

6 И ќе се случи Господ Бог да ви ги донесе словата на книгата, и тие ќе бидат словата на оние кои спиеле.

7 И ете книгата ќе биде запечатена; и во книгата ќе има откровение од Бог, од почетокот на светот сѐ до неговиот крај.

8 Затоа, поради нештата кои се запечатени, нештата кои се запечатени нема да бидат предадени на денот на пакоста и одвратностите на народот. Затоа книгата ќе биде задржана од нив.

9 Но книгата ќе му биде предадена на човекот, и тој ќе ги пренесе словата во книгата, кои се зборови на оние кои спиеле во прав, и ќе ги пренесе овие зборови на друг;

10 Но зборовите кои се запечатени нема да ги пренесе, ниту ќе ја предаде книгата. Зашто книгата ќе биде запечатена преку Божјата моќ, и откровението кое беше запечатено ќе биде зачувано во книгата до утврденото време од Господ, за да излезат; бидејќи ете, ги открива сите нешта од основата на светот до неговиот крај.

11 И доаѓа денот кога зборовите од книгата кои беа запечатени ќе бидат читани на крововите на куќите; и ќе бидат читани преку моќта на Христос; и сите нешта ќе им бидат откриени на човечките деца кои некогаш биле помеѓу човечките деца, и кои некогаш ќе бидат сѐ до крајот на земјата.

12 Затоа, на денот кога книгата ќе биде предадена на човекот за кого зборував, книгата ќе биде скриена од очите на светот, за ничии очи да не ја видат освен тие тројца сведоци ќе ја видат, преку Божјата моќ, покрај оној на кого книгата ќе му биде предадена; и ќе сведочат за вистината на книгата и за нештата во неа.

13 И ниту еден друг нема да ја види, освен неколкумина според волјата Божја, за да сведочат за Неговото слово на човечките деца; бидејќи Господ Бог кажа дека зборовите на верните ќе говорат како да беа од мртвите.

14 Затоа, Господ Бог ќе продолжи да ги изнесува словата од книгата; и преку устите на толку сведоци колку што Него му се потребни ќе го воспостави Неговото слово; и тешко на Тој кој го одбива Божјото слово!

15 Но ете, ќе се случи Господ Бог да му каже на оној на кого ќе му ја предаде книгата; Земи ги овие слова кои не се запечатени и предади ги на друг, за да им ги покаже на учените, говорејќи: Прочитај го ова, те молам. И учениот ќе каже: Донесете ја овде книгата, и ќе ги прочитам.

16 И сега, поради славата на светот и за да стекнат добивка ќе го кажат ова, а не за славата на Бог.

17 И човекот ќе каже: Не можам да ја донесам книгата, бидејќи е запечатена.

18 Тогаш учениот ќе каже: Не можам да ја читам.

19 Затоа ќе се случи, Господ Бог пак му ја предаде книгата и словата нејзини на оној кој не е учен; и човекот кој не е учен ќе каже: Јас не сум учен.

20 Тогаш Господ Бог ќе му каже: Учените нема да ги прочитаат, бидејќи ги одбија, и Јас можам да го извршам Моето сопственото дело; затоа ти ќе ги прочиташ словата кои Јас ќе ти ги дадам.

21 Не ги допирај нештата кои се запечатени, бидејќи Јас ќе ги изнесам во Моето утврдено време; бидејќи Јас ќе им покажам на човечките деца дека Јас можам да си го извршам моето сопственото дело.

22 Затоа, кога ќе ги прочиташ словата како што Јас ти заповедав, и ќе го добиеш сведоштвото кое ти Јас го ветив, тогаш повторно ќе ја запечатиш книгата, и ќе ја скриеш кај Мене, за Јас да ги заштитам зборовите кои не ги прочита, додека Јас според Мојата мудрост не проценам дека е соодветно да ги откријам сите нешта на човечките деца.

23 Зашто ете, Јас сум Бог; и Јас сум Бог на чуда; и Јас ќе му покажам на светот дека Јас сум истиот вчера, денес, и засекогаш; и Јас не делувам помеѓу човечките деца освен според нивната вера.

24 И повторно ќе се случи Господ да му каже на тој што ќе ги прочита словата кои ќе му бидат предадени:

25 Доколку овој народ ми се приближува Мене преку устите нивни, и со нивните усни ме почитуваат Мене, но ги тргнале нивните срца далеку од Мене, и нивниот страв кон Мене им е познат од човечките принципи—

26 Затоа, Јас ќе продолжам да правам чудесно дело помеѓу овој народ, да, чудесно дело и чудо, бидејќи мудроста на нивните мудреци и учени ќе исчезне, и разбирањето на нивните разумни ќе биде скриено.

27 И тешко на оние кои бараат длабоко да ја скријат нивната намера од Господ! И нивните дела се во мракот и велат: Кој нѐ гледа нас, и кој нѐ знае? И исто така велат: Секако, вашето извртување на нештата наопаку ќе биде проценето како грнчарска глина. Но ете, Јас ќе им покажам на нив, кажа Господ на Војските, дека Јас ги знам сите нивни дела. Бидејќи ќе каже ли делото за творецот, не ме создаде тој? Или обликуваното нешто ќе вели за творецот, не разбира тој?

28 Но ете, кажа Господ на Војските: Јас ќе им покажам на човечките деца дека сепак наскоро Либан ќе биде претворен во плодно поле; и плодното поле ќе биде ценето како шума.

29 И на тој ден глувите ќе ги слушнат словата од книгата, и очите на слепите ќе прогледаат од неизвесноста и од темнината.

30 И питомите исто така ќе се зголемат, и нивната радост ќе биде во Господ, и сиромашните помеѓу народот ќе се радуваат на Светецот на Израел.

31 Зашто сигурно како што Господ живее ќе видат дека ужасниот е доведен до ништо, и дека потсмевачот е истрошен, и сите што бараат беззаконие се отсечени;

32 И оние кои го обвинуваат човекот за словото, и положуваат замка за оној кој укоруваше на портата, и ги отфрлаат праведните за ништо.

33 Затоа, така кажа Господ кој го искупи Авраам, во врска со домот на Јаков: Јаков нема да биде засрамен, ниту неговото лице ќе избледи.

34 Но кога ги виде неговите деца, делото на Моите раце, на сред него, ќе го осветат Моето име, и ќе го осветат Светецот на Јаков, и ќе се плашат од Богот на Израел.

35 Исто така оние кои грешеа во духот ќе разберат, и оние кои мрмореа ќе го дознаат учењето.