Свети Писма
2 Нефи 25


Глава 25

Нефи се радува на јаснотијата—Пророштвата на Исаија ќе бидат разбрани во последните денови—Евреите ќе се вратат од Вавилон, ќе го распнат Месијата, и ќе бидат распрснати и камшикувани—Ќе бидат обновени кога ќе поверуваат во Месијата—Тој прво ќе дојде шестотини години откако Лехи го напушти Ерусалим—Нефитите го одржуваат законот на Мојсеј и веруваат во Христос, кој е Светецот на Израел. Околу 559–545 п.н.е.

1 Сега јас, Нефи, зборувам нешто во врска со зборовите кои ги напишав, кои беа изговорени од устата на Исаија. Зашто ете, Исаија кажа многу нешта кои беа тешки за многу од мојот народ да ги разберат; зашто не знаеја во врска со начинот на пророкувањето помеѓу Евреите.

2 Зашто јас, Нефи, не ги научив многу нешта во врска со начините на Евреите; бидејќи нивните дела беа дела на темнината, и нивните постапки беа постапки на одвратностите.

3 Затоа, јас му пишувам на мојот народ, на сите оние кои во иднината ќе ги добијат овие нешта кои ги пишувам, за тие да можат да ги знаат Божјите пресуди, дека тие доаѓаат кај сите нации, според словото кое Тој го говореше.

4 Затоа, послушајте, О мој народе, кои сте од Израеловиот дом, и слушнете ги моите зборови; бидејќи зборовите на Исаија не ви се јасни на вас, сепак тие се јасни на сите оние кои се исполнети со духот на пророштвото. Но ви давам пророштво, според духот кој е во мене; затоа ќе пророкувам според јаснотијата која беше со мене од времето кога излегов од Ерусалим со мојот татко; зашто ете, мојата душа се восхитува на јаснотијата на мојот народ, за да може да научат.

5 Да, и мојата душа се воодушевуваше на зборовите на Исаија, бидејќи јас излегов од Ерусалим, и со моите очи ги видов нештата на Евреите, и знам дека Евреите ги разбираат нештата на пророците, и не постои друг народ што ги разбира нештата кои им беа говорени на Евреите како нив, освен ако се поучени според начинот на нештата на Евреите.

6 Но ете, јас, Нефи, не ги поучив моите деца според начинот на Евреите; но ете, јас, лично живеев во Ерусалим, затоа знам за регионите наоколу; и им спомнав на моите деца во врска со Божјите пресуди, кои се случија помеѓу Евреите, на моите деца, според сето тоа што Исаија го говореше, и не ги пишувам.

7 Но ете, продолжувам со сопственото пророштво, според мојата јаснотија; со која знам дека ниту еден човек не може да погреши; сепак, во деновите кога пророштвата на Исаија ќе бидат исполнети луѓето со сигурност ќе знаат, за времињата кога ќе се остварат.

8 Затоа, тие вредат за човечките деца, а тој што мисли дека не вредат, на него особено ќе му говорам, и ќе ги ограничам зборовите на мојот народ; зашто знам дека многу ќе им вредат во последните денови; бидејќи на тој ден ќе ги разберат; затоа што ги напишав за нивно добро.

9 И како што беше уништено едно поколение помеѓу Евреите поради беззаконие, исто така тие беа уништени од поколение до поколение според нивните беззаконија; и никогаш ниту еден од нив немаше да биде уништен освен ако не им беше претскажано од пророците на Господ.

10 Затоа, им беше кажано во врска со уништувањето кое ќе ги стигне, веднаш откако мојот татко го напушти Ерусалим; сепак, тие ги закоравија нивните срца; и според моето пророштво беа уништени, освен оние кои беа одведени заробени во Вавилон.

11 И сега го зборувам ова поради духот кој е во мене. И без оглед што беа одведени повторно ќе се вратат, и ќе ја поседуваат земјата Ерусалим; затоа, повторно ќе бидат обновени во земјата на нивното наследство.

12 Но, ете, ќе имаат војни, и гласини за војни; и кога ќе дојде денот кога Единородениот на Отецот, да, дури и Отецот на небото и земјата ќе им се прикаже Самиот во тело, ете, ќе го одбијат Него, поради нивните беззаконија, и закоравеноста на нивните срца, и вкочанетоста на нивните вратови.

13 Ете, ќе Го распнат Него; и откако Тој ќе биде положен во гробница за време од три дена Тој ќе се крене од мртвите, со исцелување во Неговите крилја; и сите оние кои ќе веруваат во Неговото име ќе бидат спасени во Божјото царство. Затоа, мојата душа се воодушевува да пророкува во врска со Него, бидејќи го видов Неговиот ден, и моето срце го величи Неговото свето име.

14 И ете ќе се случи откако Месијата се крена од мртвите, и му се покажа Самиот на својот народ, на толку колку што ќе веруваат во Неговото име, ете, Ерусалим повторно ќе биде уништен; бидејќи тешко на тие кои се борат против Бог и народот на Неговата црква.

15 Затоа, Евреите ќе бидат распрснати помеѓу сите нации; да, и исто така Вавилон ќе биде уништен; затоа, Евреите ќе бидат распрснати од другите нации.

16 И откако ќе бидат распрснати, и Господ Бог ги камшикуваше преку другите нации за време на многу поколенија, да, и тоа од поколение до поколение додека да бидат убедени да веруваат во Христос, Божјиот Син, и помирувањето, кое е бесконечно за целото човештво—и кога ќе дојде денот да веруваат во Христос, и да Му служат на Отецот во Неговото име, со чисти срца и чисти раце, и повеќе да не очекуваат друг Месија, тогаш, во тоа време, ќе дојде денот кога мора да биде целисходно да веруваат во овие нешта.

17 И Господ повторно ќе ја испружи Неговата рака по втор пат за да го обнови Неговиот народ од нивната загубена и падната состојба. Затоа, Тој ќе продолжи да прави чудесно дело и чудо помеѓу човечките деца.

18 Затоа, Тој ќе ги открие Неговите слова кај нив, чии слова ќе им судат на последниот ден, бидејќи ќе им бидат дадени со цел да ги убедат за вистинскиот Месија, кој беше одбиен од нив; и за да бидат убедени дека не треба повеќе да очекуваат да дојде Месијата, бидејќи нема да дојде, освен ако е лажен Месија кој ќе го измами народот; бидејќи постои само еден Месија за кого зборуваат пророците, а тој Месија е Тој кој ќе да биде одбиен од Евреите.

19 Зашто според зборовите на пророците, Месијата доаѓа шестотини години откако мојот татко го напушти Ерусалим; и според зборовите на пророците, и исто словото на ангелот на Бог, Неговото име ќе биде Исус Христос, Божјиот Син.

20 И сега, браќа мои, јасно говорев дека не можете да грешите. И како што Господ Бог живее кој го избави Израел од раката на Египет, и му даде на Мојсеј моќ да ги исцели нациите откако би биле каснати од отровните змии, ако ги беа фрлиле погледите на змијата која тој ја крена пред нив, и исто така му даде моќ да ги удри карпите и водата да истече; да, ете, ви велам, дека како што овие нешта се вистинити, и како што Господ Бог живее, не постои друго име дадено под небесата освен овој Исус Христос, за Кого говорев, за да може човекот да се спаси.

21 Затоа, за оваа цел Господ Бог ми вети дека овие нешта кои ги пишувам ќе бидат зачувани и заштитени, и предадени на моето потомство, од поколение до поколение, за да се исполни ветувањето на Јосиф, дека неговото потомство никогаш нема да умре сѐ додека земјата постои.

22 Затоа, овие нешта ќе одат од поколение до поколение сѐ додека земјата постои, и ќе одат според волјата и задоволството на Бог; и на нациите кои ќе ги поседуваат ќе им биде судено од нив според зборовите кои се напишани.

23 Бидејќи ние трудољубиво работиме да пишуваме, да ги убедиме нашите деца, и исто така нашите браќа, да веруваат во Христос, и да бидат помирени со Бог; бидејќи знаеме дека преку благодат сме спасени, после сѐ што можеме да сториме.

24 И, без оглед што веруваме во Христос, го одржуваме законот на Мојсеј, и го очекуваме со постојаност Христос, додека да се исполни законот.

25 Зашто, за оваа цел беше даден законот; затоа законот стана мртов за нас, и ние сме оживеани во Христос поради нашата вера; сепак го одржуваме законот поради заповедите.

26 И зборуваме за Христос, се радуваме во Христос, пророкуваме за Христос, и пишуваме според нашите пророштва, за нашите деца да можат да знаат кој извор да го бараат за опростување на нивните гревови.

27 Затоа, зборуваме во врска со законот дека нашите деца можат да знаат за смртноста на законот, и тие знаејќи за смртноста на законот, да можат да го очекуваат оној живот кој е во Христос, и да знаат за ваква цел беше даден законот. И откако ќе биде исполнет законот во Христос, за тие да не ги закоравуваат нивните срца против Него кога законот треба да биде укинат.

28 И сега ете, народе мој, вие сте вкочанет народ; затоа, јасно ви говорев, за да не ме сфатите погрешно. И зборовите кои ги говорев ќе стојат како сведоштво против вас; бидејќи тие се доволни да го научат секој човек на правилниот пат; бидејќи правилниот пат е да верувате во Христос и да не Го негирате Него; бидејќи со негирање на Него вие исто така ги негирате пророците и законот.

29 И сега ете, ви велам дека правилниот начин е да верувате во Христос, и да не го негирате Него; и Христос е Светецот на Израел; затоа мора да се поклоните пред Него, и да му служите Него со сета ваша моќ, ум, и сила, и вашата цела душа; и ако го правите ова никако нема да бидете отфрлени.

30 И колку што ќе биде целисходно, морате да ги одржувате уредбите и обредите Божји додека не се исполни законот кој му беше даден на Мојсеј.