Свети Писма
1 Нефи 4


Глава 4

Нефи го убива Лабан по заповед на Господ а потоа ги обезбедува плочите од месинг со стратегија—Зорам одлучува да му се придружи на семејството на Лехи во дивината. Околу 600–592 п.н.е.

1 И се случи, да им говорев на моите браќа, велејќи: Да отидеме повторно во Ерусалим, и да бидеме верни во одржување на заповедите на Господ; зашто, ете, Тој е помоќен од сета земја, тогаш зошто не и помоќен од Лабан и неговите педесетмина, да, или дури од неговите десетици илјади?

2 Затоа, да отидеме; да бидеме силни како Мојсеј; зашто тој навистина им говореше на водите на Црвеното Море и тие се разделија овде и таму, и нашите татковци преминаа надвор од заробеништво по сува земја, и војските на Фараонот ги следеа и беа удавени во водите на Црвеното море.

3 Сега ете, знаете дека ова е вистинито; а исто и знаете дека еден ангел ви зборуваше; затоа можете ли да се сомневате? Да одиме горе; Господ може да нѐ избави, токму како нашите татковци, а да го уништи Лабан, токму како Египќаните.

4 Сега, откако бев ги изговорил овие зборови, беа сѐ уште гневни, и продолжија да мрморат; сепак ме следеа додека не стигнавме пред ѕидовите на Ерусалим.

5 А тоа беше ноќе; и наредив да се сокријат надвор од ѕидовите. И откако беа се сокриле, јас, Нефи, се вовлеков во градот и тргнав кон куќата на Лабан.

6 И бев воден од Духот, не знаејќи ги од напред нештата кои треба да ги направам.

7 Сепак тргнав напред, а додека се доближував до куќата на Лабан, видов еден човек, и тој беше паднал на земјата пред мене, зашто беше пијан од вино.

8 И кога му пристапив нему, открив дека тоа беше Лабан.

9 И го видов неговиот меч, и го извлеков од неговата ножница; и неговата дршка беше од чисто злато, а неговата изработка беше извонредно фина, и видов дека неговото сечило беше од најскапоцениот челик.

10 И се случи дека бев принуден од Духот да го убијам Лабан; но, си кажав во срцето: Никогаш, ниту еднаш, не сум ја пролеал крвта на човек. И се повлеков и посакав да не го убијам.

11 А Духот повторно ми кажа: Ете, Господ ти го предаде во твоите раце. Да, а исто и знаев дека тој беше настојувал да ми го одземе сопствениот живот; да, и не би ги послушал заповедите на Господ; и тој исто така беше го одземал нашиот имот.

12 И се случи дека Духот повторно ми кажа: Убиј го, зашто Господ ти го предаде во твоите раце;

13 Ете, Господ ги убива пакосните за да ги исполни Неговите праведни цели. Подобро е еден човек да загине отколку цела нација да западне и загине во неверување.

14 И сега, кога јас, Нефи, бев ги слушнал овие зборови, се сетив на зборовите на Господ кои Тој ми ги говореше во дивината, велејќи дека: Доколку твоето потомство ги одржува Моите заповеди, тие ќе напредуваат во ветената земја.

15 Да, и јас исто мислев дека тие не би можеле да ги одржуваат заповедите на Господ според законот на Мојсеј, освен ако не го имаат законот.

16 А исто знаев дека законот беше врежан врз плочите од месинг.

17 И повторно, знаев дека Господ ми го беше предал Лабан во моите раце за оваа цел—за да можам да ги добијам записите според Неговите заповеди.

18 Затоа, го послушав гласот на Духот, и го фатив Лабан за косата од неговата глава, и ја отсеков неговата глава со неговиот сопствен меч.

19 И откако бев му ја отсекол главата со неговиот сопствен меч, ги зедов облеките на Лабан и ги облеков на моето тело; да, и тоа секој дел; и го опашав неговиот оклоп околу моите слабини.

20 И откако бев го направил тоа, тргнав кон ризницата на Лабан. И додека одев кон ризницата на Лабан, ете, го видов слугата на Лабан кој ги имаше клучевите на ризницата. И му заповедав, со гласот на Лабан, дека треба да дојде со мене во ризницата.

21 И тој претпоставуваше дека сум неговиот господар, Лабан, зашто ги виде облеките а исто и мечот опашан околу моите слабини.

22 И тој ми говореше за старешините на Евреите, знаејќи дека неговиот господар, Лабан, бил со нив надвор таа ноќ.

23 И му говорев како да беше Лабан.

24 А исто му говорев дека треба да ги однесам гравурите, кои беа врз плочите од месинг, кај моите постари браќа кои беа надвор од ѕидовите.

25 А исто му наредив да ме следи.

26 И тој, претпоставуваше дека зборував за браќата од црквата, и дека навистина бев тој Лабан кој бев го убил, затоа ме следеше.

27 И ми говореше многу пати за старешините на Евреите додека одев кон моите браќа, кои беа надвор од ѕидовите.

28 И се случи дека кога Ламан ме виде, беше премногу исплашен, а исто и Лемуил и Сем. И тие избегаа од моето присуство; затоа што претпоставуваа дека беше Лабан, и дека тој беше ме убил и беше настојувал да ги одземе нивните животи исто така.

29 И се случи дека ги повикав, и ме слушнаа; затоа престанаа да бегаат од моето присуство.

30 И се случи кога слугата на Лабан ги виде моите браќа тој почна да трепери, и беше спремен да избега од мене, и да се врати во градот Ерусалим.

31 И сега јас, Нефи, бев голем човек во раст, а исто бев добил многу сила од Господ, затоа го зграпчив слугата на Лабан, и го држев, за да не бега.

32 И се случи дека му говорев, дека ако тој би ги послушал моите зборови, како што живее Господ, и како живеам јас, дури така ако би ги послушал нашите зборови, ние би му го поштедиле неговиот живот.

33 И му говорев, дури и со заклетва, дека не треба да се плаши; дека ќе биде слободен човек како што сме ние, ако тргне во дивината со нас.

34 А исто му говорев, велејќи: Навистина Господ ни заповеда да го направиме ова нешто; и зар нема да бидеме трудољубливи во одржувањето на заповедите на Господ? Затоа, ако тргнеш во дивината кај татко ми ќе имаш место кај нас.

35 И се случи дека Зорам се охрабри од зборовите кои ги говорев. Еве, Зорам беше името на слугата; а тој ни вети дека ќе тргне во дивината кај нашиот татко. Да, исто и ни се заколна дека тој ќе остане со нас од тогаш натаму.

36 Сега бевме желни тој да остане со нас за оваа причина, за Евреите да не знаат за нашето бегство во дивината, за да не нѐ следат и уништат.

37 И се случи кога Зорам ни се заколна, нашите стравови престанаа во врска со него.

38 И се случи дека ги зедовме плочите од месинг и слугата на Лабан, и заминавме во дивината, и патувавме до шаторот на нашиот татко.