Свети Писма
1 Нефи 10


Глава 10

Лехи предвидува дека Евреите ќе бидат одведени заробени од Вавилонците—Тој кажува за доаѓањето помеѓу Евреите на еден Месија, еден Спасител, еден Искупител—Лехи исто кажува за доаѓањето на оној кој ќе го крштава Божјото Јагне—Лехи кажува за смртта и воскреснувањето на Месијата—Тој го споредува распрснувањето и собирањето на Израел со маслиново дрво—Нефи говори за Синот на Бог, за дарот на Светиот Дух, и за потребата за праведност. Околу 600–592 п.н.е.

1 И сега јас, Нефи продолжувам да давам извештај врз овие плочи за моите постапки, и моето владеење и служење; затоа, да продолжам со мојот извештај, морам да зборувам некако за нештата на татко ми, а исто и на моите браќа.

2 Зашто ете, се случи откако татко ми беше ставил крај на говорењето на зборовите од неговиот сон, а исто и охрабрувајќи ги на сета трудољубливост, им говореше во врска со Евреите—

3 Дека откако ќе бидат уништени, дури и оној голем град Ерусалим, и многумина ќе бидат одведени заробени во Вавилон, според сопственото определено време на Господ, треба да се вратат пак, да, дури и да бидат вратени од заробеништво; и откако ќе бидат вратени од заробеништво ќе ја поседуваат повторно земјата на нивно наследство.

4 Да, дури и шестотини години од времето кога татко ми го напушти Ерусалим, Господ Бог ќе подигне пророк помеѓу Евреите—и тоа Месија, односно, со други зборови, Спасител на светот.

5 А тој исто говореше во врска со пророците, колку голем број беа сведочеле за овие нешта, во врска со овој Месија, за кој тој беше зборувал, односно овој Искупител на светот.

6 Затоа, сето човештво беше во изгубена и падната состојба, и секогаш ќе беше освен ако не се потпрат на овој Искупител.

7 А тој говореше исто во врска со пророк кој ќе дојде пред Месијата, да го подготви патот за Господ—

8 Да, дури ќе оди напред и извикува во дивината: Подгответе го патот за Господ, и направете ги Неговите патеки прави; бидејќи има еден помеѓу вас Кого не го знаете; и Тој е помоќен од мене, Чија врвка на чевлата не сум достоен да му ја одврзам. И многу говореше татко ми во врска со ова нешто.

9 И татко ми рече дека ќе крштава во Витавара, подалеку од Јордан; а исто и рече дека ќе крштава со вода; дури и дека ќе Го крштава Месијата со вода.

10 И откако беше Го крштавал Месијата со вода, ќе види и сведочи дека беше го крштавал Божјото Јагне, кое ќе ги одземе гревовите на светот.

11 И се случи откако татко ми беше ги изговорил овие зборови им говореше на моите браќа, во врска со евангелието кое ќе биде проповедано помеѓу Евреите, а исто и во врска со запаѓањето на Евреите во неверување. И откако беа го убиле Месијата, Кој ќе дојде, и откако Тој беше убиен, Тој ќе стане од мртвите, и Самиот ќе им се покаже, преку Светиот Дух, на Неевреите.

12 Да, дури и татко ми говореше многу во врска со Неевреите, а исто и во врска со Израеловиот дом, дека тие ќе бидат споредени како едно маслиново дрво, чии гранки ќе бидат искршени и ќе бидат распрснати врз целото лице на земјата.

13 Затоа, рече дека мора ние да бидеме водени едногласно во земјата на ветување, до исполнувањето на словото на Господ, за да бидеме распрснати врз целото лице на земјата.

14 И откако Израеловиот дом ќе биде распрснат, тие ќе бидат собрани повторно; односно, накратко, откако Неевреите беа ја добиле целината на Евангелието, природните гранки на маслиновото дрво, односно остатоците од Израеловиот дом, ќе бидат прикалемени, односно да дојдат до знаењето на вистинскиот Месија, нивниот Господ и нивниот Искупител.

15 И со овој начин на говор татко ми им пророкуваше и говореше на моите браќа, а исто и многу повеќе нешта кои не ги пишувам во оваа книга; зашто сум напишал толку од нив колку што ми беа потребни во мојата друга книга.

16 И сите овие нешта, за кои сум говорел, беа сторени додека татко ми живееше во шатор, во долината Лемуил.

17 И се случи откако јас, Нефи, ги слушнав сите зборови на татко ми, во врска со нештата кои ги виде во визија, и исто нештата кои ги говореше преку силата на Светиот Дух, чија сила ја прими преку вера во Синот на Бог—и Синот на Бог беше Месијата Кој ќе дојде—Јас, Нефи, бев желен исто така да можам да видам, и да слушнам, и да знам за овие нешта, преку силата на Светиот Дух, кој е дарот на Бог за сите оние кои трудољубиво го бараат Него, и во стари времиња, и во времето кога Тој ќе им се покаже Самиот на човечките деца.

18 Зашто Тој е истиот вчера, денес, и засекогаш; и патот е подготвен за сите луѓе од основата на светот, ако се покајат и дојдат кај Него.

19 Зашто оној кој трудољубиво бара ќе најде; и мистериите на Бог ќе им бидат откриени на нив преку силата на Светиот Дух, исто во овие времиња како и во старите времиња, и исто во старите времиња како и во времињата што следат; затоа правецот на Господ е еден вечен круг.

20 Затоа сеќавај се, О човеку, на сите твои дела ќе бидеш доведен пред суд.

21 Затоа, ако сте барале да постапувате пакосно во деновите на вашата проба, тогаш сте сметани за нечисти пред судската столица на Бог; и ништо нечисто не може да живее со Бог; затоа, мора да бидете отфрлени засекогаш.

22 И Светиот Дух дава власт да ги говорам овие нешта, и да не ги негирам.