„Визија,“ Воведен Водич за Деца и Млади на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни (2019)
„Визија,“ Воведен Водич за Деца и Млади на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни
Визија
За да ја зајакнете вашата вера во Исус Христос и да ви помогне вам и на вашето семејство да напредувате по заветниот пат додека се соочувате со животните предизвици.
Барајте Откровение
Можете да научите за себе—точно сега на вашата возраст—како да добивате лично откровение. И ништо друго не ќе направи поголема разлика во вашиот живот од тоа!
—Претседателот Расел М. Нелсон, „Надеж на Израел,“ worldwide youth devotional, 3 Јуни, 2018, supplement to the New Era и Ensign, 2, ChurchofJesusChrist.org
Практикувајте Слобода на Избор
Желбите ги диктираат нашите приоритети, приоритетите ги обликуваат нашите избори, а изборите ги одредуваат нашите постапки. Желбите врз кои делуваме ја одредуваат нашата промена, нашите достигнувања и тоа кои стануваме.
—Претседателот Далин Х. Оукс, „Желба,“ Ensign или Liahona, Мај 2011, 42
Градете Врски
Сите ние имаме потреба од вистински пријатели кои да нè сакаат, да нè слушаат, да ни го покажуваат патот и да ни сведочат за вистината за да можеме да го задржиме придружтвото на Светиот Дух. Треба да бидете ваков вистински пријател.
—Претседателот Хенри Б. Ајринг, „Вистински Пријатели,“ Ensign, Мај 2002, 29