2023
Христос Сега Воскресна
Септември 2023


„Христос Сега Воскресна,” For the Strength of Youth, Септ. 2023.

Месечна Порака на For the Strength of Youth , Септември 2023

Христос Сега Воскресна

Дознајте што поучувал Апостол Павле за Воскресението на Исус Христос.

Слика
воскреснат Исус Христос

The Resurrected Christ, од Вилсон Ј. Онг

сега Христос воскресна од мртвите

Исус Христос умре на крстот, беше положен во гроб и воскресна од мртвите на третиот ден.

првина за упокоените

Грчкиот збор што се користи овде за првина значи најран плод во годината. Тој е првиот што треба да се жнее - првиот од повеќе што доаѓаат.

Фразата упокоените значи „оние што умреле“.

Исус Христос бил првиот што воскреснал, а по Неговото Воскресение ќе воскреснат сите луѓе.

смртта дојде преку човекот

Ова зборува за Адам. Неговиот пад значеше дека сите луѓе кои ќе дојдат на светот ќе умрат. (Види Мојсеј 4.)

така и во Христос сите ќе бидат оживеани

Поради Воскресението на Исус Христос, сите луѓе ќе воскреснат. Тоа значи дека секој што некогаш живеел или некогаш ќе живее ќе воскресне. Нашите духови повторно ќе се соединат со нашите тела, а нашите тела ќе бидат совршени и бесмртни. (Види Алма 11:43-45.)