„Првата визија“, Пријател, јануари 2025, 26-28.
Месечна порака на Пријател јануари 2025
Првата Визија
Може да ја прочитате оваа приказна во Џозеф Смит—Историја 1:1–20.
Кога Џозеф Смит бил млад, многу цркви учеле различни работи за Исус Христос. Џозеф не знаел на која црква да се приклучи.
Еден ден, тој го прочитал Јаков 1:5 во Библијата. Во стихот се вели дека ако ни треба мудрост, можеме да побараме од Бога. Џозеф одлучил да го стори тоа.
Во еден убав пролетен ден, Џозеф одлучи да оди во шумата за да му се помоли на Небесниот Отец.
Џозеф клекнал и почнал да се моли. Но потоа почувствувал темнина насекаде околу него. Џозеф бил исплашен. Побарал помош од Бога.
Одеднаш, Џозеф видел зрак светлина како се спушта од небесата. Го видел Небесниот Отец и Исус Христос како стојат во воздухот. Небесниот Отец го изговорил Џозефовото име. Потоа Тој покажал кон Исус Христос и рекол: „Ова е Мојот Возљубен Син. Него Слушај Го!“
Исус му кажал на Џозеф дека не треба да се приклучува кон ниту една од црквите.
Џозеф ќе помогне во обновувањето на целосноста на Евангелието на земјата.
Џозеф повеќе не бил збунет. Тој бил исполнет со радост! Тој знаел дека Бог го сака. Некои луѓе не верувале дека го видел Небесниот Отец и Исус Христос, но тој знаел дека тоа е вистина.
Страна за Боење
Небесниот Отец ги слуша и одговара на моите молитви
Илустрации од Кореј Егберт
Небесниот Отец одговорил на молитвата на Џозеф Смит. Тој ќе одговори и на вашата!
© 2025 by Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved. Печатено во САД. Одобрено на англиски: 6/19. Одобрен превод: 6/19. Превод на Monthly Friend Message, January 2025. Macedonian. 19632 158