Свети Писма
3 Нефи 27


Глава 27

Исус заповеда Црквата да ја нарекуваат по Неговото име—Неговата мисија и помирувачка жртва го сочинуваат Неговото евангелие—На луѓето им е заповедано да се покајат и да бидат крстени за да бидат осветени од Светиот Дух—Тие треба да бидат исто како што е Исус. Околу 34–35 н.е.

1 И се случи додека ученциите на Исус патуваа и проповедаа за нештата кои ги слушнале и виделе и се крштеваа во името на Исус, се случи учениците да бидат собрани заедно и обединети во моќна молитва и пост.

2 И Исус повторно им се појави Самиот, бидејќи Му се молеа на Отецот во Негово име; и Исус дојде и застана среде нив, и им кажа: Што сакате Јас да ви дадам?

3 И Му рекоа Него: Господе, сакаме Ти да ни кажеш со кое име да ја нарекуваме црквава; бидејќи постојат спорови помеѓу народот во врска со ова.

4 И Господ им кажа: Вистина, вистина, Јас ви велам, зошто луѓето мрморат и се оспоруваат заради ова нешто?

5 Зарем не ги прочитаа светите писма, кои велат дека мора да го преземат името на Христос, кое е Моето име? Зашто по ова име ќе бидете наречени на последниот ден;

6 И секој што ќе го земе Моето име, и издржи до крај, истиот ќе биде спасен на последниот ден.

7 Затоа, што и да направите, ќе направите во Мое име; затоа ќе ја наречете црквата по Мое име; и ќе Го повикате Отецот во Мое име за Тој да ја благослови црквата заради Мое добро.

8 А како ќе биде Моја црква ако не е наречена по Моето име? Зашто ако црква е наречена по името на Мојсеј, тогаш би била Мојсиева црква; односно ако е наречена по името на човекот тогаш ќе биде човечка црква; но ако е повикана по Моето име тогаш е Моја црква, ако е изградена врз Моето евангелие.

9 Вистина Јас ви велам, дека сте изградени на Моето евангелие; затоа ќе нарекувате што и да нарекувате, во Мое име; затоа ако Го повикате Отецот, за црквата, ако е во Мое име, Отецот ќе ве слушне;

10 И ако се случи црквата да е изградена врз Моето евангелие, тогаш Отецот ќе ги покаже Неговите дела во неа.

11 Но ако не е изградена врз Моето евангелие, и е изградена врз делата на луѓе, или врз делата на ѓаволот, вистина Јас ви велам дека тие имаат радост во нивните дела за една сезона, и наскоро ќе дојде крајот, и се пресечени и фрлени во оган, од каде нема враќање.

12 Зашто нивните дела ги следат, бидејќи поради нивните дела тие се пресечени; затоа сетете се на нештата кои Јас ви ги кажав.

13 Ете Јас ви го дадов Моето евангелие, и ова е евангелието кое Јас ви го дадов—дека Јас дојдов на светот да ја правам волјата на Мојот Отец, бидејќи Мојот Отец Ме испрати Мене.

14 И Мојот Отец Ме испрати мене за да Јас бидам кренат на крстот; и откако Јас бев кренат на крстот, Јас да можам да ги привлечам сите луѓе кај Мене, дека како што Јас бев кренат од луѓето така и луѓето ќе бидат кренати од Отецот, да стојат пред Мене, да бидат судени за нивните дела, било да се добри или лоши—

15 И за оваа причина Јас бев кренат; затоа, според моќта на Отецот Јас ќе ги привлечам сите луѓе кај Мене, за да бидат судени според нивните дела.

16 И ќе се случи, дека секој што ќе се покае и ќе се крсти во Мое име ќе биде исполнет; и ако издржи до крај, ете, него Јас ќе го сметам за невин пред Мојот Отец на денот кога Јас ќе стојам да го судам светот.

17 И оној што нема да издржи до крај, истиот ќе биде пресечен и фрлен во оган, од каде повеќе не може да се врати, поради правдата на Отецот.

18 И ова е словото кое Тој им го даде на човечките деца. И за оваа причина Тој ги исполни словата што Тој им ги дал, и Тој не лаже, туку ги исполнува сите Негови зборови.

19 И ништо нечисто не може да влезе во Неговото царство; затоа ништо не влегува во Неговата почивка освен тие кои си ги исчистиле нивните облеки во Мојата крв, поради нивната вера, и покајувањето за сите нивни гревови, и нивната верност до крај.

20 Сега ова е заповедта: Покајте се, сите вие краишта на земјата, и дојдете кај Мене и бидете крстени во Мое име, за да можете да бидете осветени од примањето на Светиот Дух, за да станете безгрешни пред Мене на последниот ден.

21 Вистина, вистина, Јас ти велам, ова е Моето евангелие; и знаете за нештата што морате да ги правите во Мојата црква; бидејќи нештата кои Ме видовте Мене да ги правам истите ќе ги правите; бидејќи тоа што Ме видовте Мене да го правам и тоа ќе го правите;

22 Затоа, ако ги правите овие нешта, благословени сте, бидејќи ќе бидете кренати на последниот ден.

23 Запишете ги нештата што ги гледавте и слушнавте, освен оние што се забранети.

24 Запишете ги делата на овој народ, кои ќе бидат, и тоа како што е запишано, од тоа што било.

25 Зашто ете, од книгите кои се напишани, и кои ќе бидат напишани, овој народ ќе биде суден, бидејќи од нив ќе им бидат познати нивните дела на луѓето.

26 И ете, сите нешта се напишани од Отецот; затоа од книгите кои ќе бидат напишани ќе биде суден светот.

27 И вие знаете дека ќе бидете судии на овој народ, според пресудата што Јас ќе ви ја дадам, која ќе биде праведна. Затоа, какви луѓе треба да бидете? Вистина Јас ви велам, токму каков сум Јас.

28 И сега Јас одам кај Отецот. И вистина Јас ви велам, што и да побарате од Отецот во Мое име, ќе ви го даде.

29 Затоа, побарајте, и ќе добиете; тропнете, и ќе ви биде отворено; зашто тој што бара, добива; и на тој што тропа, ќе му биде отворено.

30 И сега, ете, Мојата радост е голема, и тоа до целина, поради вас, и исто поради ова поколение; да, и дури Отецот се радува, и исто сите свети ангели, поради вас и ова поколение; бидејќи никој од нив не е загубен.

31 Ете, Јас би сакал да разберете; бидејќи Јас мислам на оние кои сега се живи од ова поколение; и ниту еден од нив не е загубен; и во нив Јас имам целосна радост.

32 Но ете, жал ми е Мене за четвртото поколение од ова поколение, бидејќи тие се одведени заробени од Него исто како што беше и синот на пропаста; бидејќи ќе Ме продадат Мене за сребро и злато, и за тоа што молецот го расипува и што крадците можат да пробијат и да го украдат. И на тој ден Јас ќе ги посетам, и тоа завртувајќи им ги нивните дела врз нивните сопствени глави.

33 И се случи кога Исус заврши со овие кажувања, Тој им кажа на Неговите ученици: Влезете низ правата порта; бидејќи права е портата, и тесен е патот што води до живот, и малкумина се оние што ја наоѓаат; а широка е портата, и широк е патот што води до смрт, и многумина патуваат таму, додека не дојде ноќта, кога ниту еден човек не може да делува.